Каква боја има огледалото, зошто ледот е лизгав, која боја се пругите на зебрите... ова се одговорите

Точка

20/05/2020

14:12

3.181

Големина на фонт

а а а

Постојат бројни работи чие функционирање го земаме здраво за готово, но кога некој би ве прашал да му објасните зошто е тоа така, веројатно не би го знаеле одговорот.

Затоа, тимот од “BrightSide” одлучил да даде одговор на некои од тие прашања. 

Зошто шишињата на газираните сокови имаат нерамно дно?

Нерамното дно ги прави шишињата поцврсти. Кај газираните сокови е важно шишето да може да го поднесе притисокот од гасовите во сокот. Исто така, овие сокови често се пијат ладни, а кога течноста се лади се зголемува нејзиниот волумен, а шишето не смее да пукне поради тоа.


Зошто ледот е лизгав?

Ледот е лизгав кога одите по него додека е раб на точка на топење. До лизгањето доаѓа бидејќи молекулите на стопената вода не можат да се спојат со молекулите на смрзнатата вода на површината. Слично би се случило доколку зачекорите на танцувачки подиум на кој има еден куп џамлии.

Која е вистинската боја на огледалото?

Во огледалото го гледаме одразот на сè што ќе ставиме пред него, но дали некогаш сте се запрашале која е бојата на огледалото? “BrightSide” пишува дека совршеното огледало ги одразува сите постоечки бои, а научната дефиниција на белото светло тврди дека тоа е микс од сите бои, па затоа и огледалото се смета за – бело.


Зошто лепакот не се лепи на внатрешноста на шишето?

Повеќето лепила содржат вода која служи како растворувач и го одржува лепакот во течна состојба. Тој станува леплив дури кога ќе дојде во контакт со воздух. Кога ќе го истиснете од шишето, во допир со воздух водата испарува, а лепилото се зацврснува.

Зошто венчаниците се бели?

Во 19-от век, жените се венчале во фустани кои можеле да ги носат и во други прилики по венчавката. Фантазијата за белите венчаници подоцна ја продале холивудските филмови, но традиционално само богатите можеле да си овозможат бел фустан за венчавка. Дури во 50-те години, поради развојот на евтините материјали, и жените од средната класа можеле да го копираат таквиот изглед. Дури и денес белата венчаница не се носи во сите култури. На пример, невестите во Кина носат црвени фустани кои симболизираат среќа и успех.


Каква боја се пругите на зебрите?

Долго време се сметало дека зебрите се бели животни со црни пруги, но вистината е тотално спротивна – зебрите во стомакот на мајката се црни, а дури подоцна им се појавуваат бели пруги.


Зошто сокот од портокал има грозен вкус откако ќе измиете заби?

Пастата за заби ги збунува вашите рецептори за вкус и привремено им ја намалува способноста за чувство на слатко, што значи дека вкусот на некои напитоци се менува. Во сокот од портокал е намалена слаткоста, па затоа повеќе се чувствува горчливоста.

Зошто нѝ се потат дланките кога сме нервозни?

Кога сме нервозни, нѝ се подигнува нивото на адреналин во телото и срцето започнува забрзано да чука. Основата функција на потта е контролирање на телесната температура, а дланките и стапалата имаат висока концентрација на потни жлезди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг