Специјална „Егзит ТВ програма“ на Точка - вечерва заедно за Италија!

Точка

27/03/2020

20:28

846

Големина на фонт

а а а

ЕГЗИТ (EXIT) фестивал деновиве ги интензивира своите онлајн активности, со цел на многумина да им помине полесо останувањето дома за време на вонредната состојба, а, секако и ние (Точка) сме тука за да ви го овозможиме тоа уживање од вашите удобни домови.

Десетици илјади луѓе од сите земји од регионов и Европа, вклучувајќи ја и најтешко погодената Италија, во изминатите неколку дена, преку интернет веќе започнаа да ја следеат специјалната програма на ЕГЗИТ Фестивалот, која почнува секоја вечер симболично во 20:20ч, а ќе може да го проследите на нашата официјална страница - со само еден КЛИК.

И токму на Италија ѝ е посветена вечерашната програма, а станува збор за „бек-ту-бек“ сет од 2015-та година кој го сочинуваат двајца маестрални диџеи Адам Бејер (Adam Beyer) и Џозеф Каприати (Joseph Capriati)!

Покрај никогаш досега објавените фестивалски настапи, дел од оваа програма на социјалните мрежи се и водечките регионални диџеи кои настапуваат со директен пренос од своите домови. Исто така, како еден вид поддршка на повозрасните сограѓани во Србија, организирана е и волонтерската акција „Супер Комшо“, во која младите сограѓани организираат набавка на намирници и лекови, но и го фрлаат сметот и помагаат на своите, најзагрозени соседи.

Специјалната ЕГЗИТ ТВ програма лансирана е во четвртокот со досега необјавениот, историски концерт на групата „Фејтлес“ (Faithless). За овој настап владееше исклучително голем интерес откако оваа култна група во 2015 година настапи на главната бина на Егзит, а премиерата се појави во вистински момент.


„Ова е вежба за единство“, беа зборовите на фронтменот Макси Џез (Maxi Jazz) со кои во самиот пик на концертот им се обрати на десетиците илјади фанови собрани на Петроварадинската тврдина, но со кои и пет години подоцна пробуди верба кај собраните пред екраните во своите куќи дека заедно можеме најбрзо да ја надминеме новонастанатата ситуација. Овој славен настап еден гледач од Хрватска го сподели со своите пријатели со зборовите: „ЕГЗИТ на некој начин и ме порасна, ме научи на некои дури и животни нешта, сруши низа предрасуди, ми приреди безброј незаборавни убави искуства, нови познанства и пријателства... ЕГЗИТ е многу, многу повеќе од музички фестивал. ЕГЗИТ е позитивна сила во светот“.

Набргу стигнаа и првите пораки од најтешко погодената Италија кога се емитуваше уште една светска премиера и снимка од концертот на славната британска група „Бастил“ (Bastille) од ЕГЗИТ Фестивал во 2016 година. Беше емотивно да се видат коментарите на гледачите од Италија кои и покрај сѐ, и понатаму не го губат духот, а меѓу нив се најде и италијанскиот бенд „Флет Бит“ (Flat Bit), кој од својата овицијална страница се обрати кон останатите гледачи и напиша дека имале „прекрасни спомени од настапот на ’Фјужн’ бината“!

Во меѓувреме емитувани се, досега необјавените настапи на легендарната група „Моторхед“ (Motorhead), британскиот маг на бас музикат Даб Еф-Екс (Dub Fx), а наскоро на барање на публиката следеше и ново емитување на настапот на групата „Фејтлес“! Премиерно беше прикажан и настапот на регионалните техно-асови Младен Томиќ и Синиша Тамамовиќ, додека во живо од својот дом настапи и еден од најбараните продуценти од регонов, Ендру Мелер (Andrew Meller).

Во наредните денови сите фестивалски фанови ги очекуваат дури два „HomeStream“-а, на Илија Ѓоковиќ и Милош Вујовиќ, снимка од спектаклот кој Скепта (Skepta) го приреди лани на главната бина на ЕГЗИТ фестивал, настапот на Ричи Хотин (Richie Hawtin) на Денс Арената во сега веќе дамнешната 2007 година, но и бројни други! Вкупниот досег на „Фејсбук“ страницата на Егзит во последните седум дена е преку милион корисници на оваа социјална мрежа од регионов и светот. Покрај специјалната ЕГЗИТ ТВ програма, на сите на располагање им се и повеќе од 1000 часа настапи и интервјуа со водечките светски ѕвезди, но и друга програма на официјалниот Егзит канал на „Јутјуб“, а кој до сега го погледнале над 50 милиони луѓе од целиот свет!

Организаторите на Фестивалот уште еднаш ги повикуваат сите да се грижат за себе и своите најблиски, и да ги следат и почитуваат препораките на надлежните органи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг