Новородено бебе поради својата неверојатно густа коса доби прекар Ким Јонг-ун

Точка

17/02/2020

17:00

2.423

Големина на фонт

а а а

Бебе родено во Велика Британија ги шокирало своите родители. На свет пристигнало во октомври минатата година, а поради неверојатната коса веднаш добило прекар Ким Јонг-ун, според севернокорејскиот диктатор познат по единствената фризура.

„Уште на ултразвукот ми се чинеше дека бебето има многу коса, но ова не го очекував“, вели шокираната мајка Саманта Пурсер-Бариф, која со недели се навикнувала на црната густа коса на својата ќеркичка Нел.

„Ниту Саманта ниту јас не сме имале многу коса како бебиња, па тоа дефинитивно не е наследно“, тврди 34-годишниот татко Тери, пренесува „New York Post“.

Малата Нел има четири месеци. Косата ѝ е долга 5 сантиметри и обожува да си игра со неа, а често ја допира и нејзиниот поголем брат Кол.

„Луѓето се воодушевени кога ќе нè видат на улица или во маркет“, истакнува мајката и додава дека пазарувањето сега, поради многуте комплименти, за ова семејство трае двојно подолго.




Спонзорирани линкови

Маркетинг