Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
Сава Осигурување со тимска игра до победа над Аптив
Аптив 4-8(2-3) Сава Осигурување
Аптив: Марковски Александар 40’ Тодоровски Марјан 19’ Ќамилов Никола 35’ Стаматовски Кире 20’
Сава Осигурување: Јовица Марковски 19’ 39’ Коста Глигуровски 8’ 27’ 34’ 40’ Трајче Илиевски 31’ Данило Апостоловски 12’
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Аптив и Сава Осигурување, во првиот дел од полувремето екипата на Сава Осигурување беше таа која го имаше поседот на топката што успеа и да го претвори во водство со погодоците на Глигуровски во 8та и Апостолски во 12та минута. По оваа негатива екипата на Аптив се префрли на противничко поле со цел да фати резултатски приклучок што им успеа во 19та минута со голот на Тодоровски за резултат од 1-2. Следуваше брз одговор на Сава Осигурвање со погодокот на Марковски за предност од 1-3 сепак во последните моменти од полувремето екипата на Аптив успеа да постигне погодок за резултат од 2-3 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Аптив тргна во целосна офанзива по израмнување, таквата отворена игра остави празнина во одбраната што екипата на Сава Осигурување знаеше да ја искористи и од минута во митута ја зголемуваше предноста за на крајот да го доби овој дуел со резултат од 4-8
Уни Банка немаше доволно сили за целосен пресврт со ЕВН
ЕВН 3-2(1-0) Уни Банка
ЕВН: Томи Илиевски 9’ 22’ Ајет Новобрдалија 39’
Уни Банка: Ивица Орозовски 21’ Ангел Петков 40
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Уни Банка, екипата на ЕВН уште на самиот старт наметна високо темпо на игра и ја превзема иницијативата. Што им донесе водство во 9та минута со погодокот на Илиевски. По оваа негатива екипата на Уни Банка со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, тие успеаа да креираат неколку шанси но имаа слаба реалзиација па не успеаа во таа намера па на полувремето се замина со резултатот од 9та минута 1-0 за ЕВН. Во второто полувреме екипата на Уни Банка уште на самиот старт успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување, веќе следната минута екипата на ЕВН успеа да реализира и повторно ја превзема предноста во овој натпревар. До крајот на натпреварот екипата на Уни Банка бркаше израмнување но екипата на ЕВН не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 3-2.
Во драматична завршница Тиквеш поуспешни од Водовод
Водовод 6-7(1-3) Тиквеш
Водовод: Авни Ајвази 31 33’ Јакуп Зекири 34’ 38’ Стефан Лазарески 20’ 22’
Тиквеш: Орде Ивановски 33’ Нинослав Рангеловски 35’ Деко Марков13’ Филип Велјановски 40’ Гоце Коцевски 6’ 19’ 38’
Одличен старт за екипата на Тиквеш со погодокот на Гоцевски во 6та минута, по оваа негатива екипата на Водовод се префрли на противничко поле и тргна по израмнување. Екипата на Водовод започна со доста офанзивна игра, а екипата на Тиквеш одлично ја постави својата игра во одбраната а преку еден контра напад во 13та минута со голот на Марков успеа да го зголеми водството на 0-2. До крајот на полувремето девете екипи постигнаа по еден погодок и на полувремето се змаина со 1-3. Во второто полувреме екипата на Водовод успеа да постигне два брзи погодоци и да дојде до израмнување до крајот на натпреварот двете екипи наизменично се менуваа во водството за во 38та минута да се дојде до нерешен резултат од 6-6 што ги направи последните минути вистинска драма. Во ваквата драматична завршница поуспешна беше екипата на Тиквеш која го доби овој натпревар со 6-7.