Јаник Синер ја прекина лошата низа од пет последователни порази од Карлос Алкарас и извојува голема победа во финалето на Вимблдон, нешто што беше посебно важно за него по тешкиот пораз кој го претрпе еден месец претходно на Ролан Гарос.
Синер не искористи меч топки во финалето на Френч Опен и болните сцени го прогонуваа некое време, но со настапот на Вимблдон јасно стави до знаење дека успеал да го архивира тој пораз и да го остави далеку во своите мисли.
Светскиот рекет број еден во неделата стана првиот Италијанец кој го освоил трофејот на грен слемот во Лондон, па во очите на легендарниот Борис Бекер, тој во моментов противник може да има само во самиот себе.
Синер одигра три финалиња откако ја одлежа суспензијата, па по двата порази во Рим и Париз, сега ја освои најважната титула во кариерата.
– Јаник беше крајно фокусиран и му се гледаше во очи дека ја сака титулата. Неговиот карактер е единствен во тенисот, не гледам кој може да го победи. Можеби Алкарас кога има свој ден, или играчи како Медведев и Фриц кога Јаник би немал свој ден. Гледано на долги стази, тој нема ривал, во континуитет изгледа непобедливо во овој момент.
– Најголем противник на Јаник сега е самиот тој. Најголемиот ривал го гледа во своето огледало. Но, сите видовме за каква ментално стабилна личност станува збор. Се врати од тримесечна суспензија, играше финалиња во Рим и Париз и сега го освои Вимблдон, – изјави Бекер кој до ден денеска и натаму важи за најмлад шампион во историјата на Вимблдон.