Ждрепката не ги посака: Алкалоид доби најтежок можен противник во Европската лига

Дерби

15/07/2025

15:50

356

Големина на фонт

а а а

Алкалоид како победник на Европскиот ЕХФ Куп доби „вајлд-карта“ за Европската лига на ЕХФ, но денешната ждрепка за жал донесе најлош можен противник за тимот од Автокоманда во првата квалификациска фаза.

Вардар како вицешампион на Македонија обезбеди директно место во групната фаза на второто по ранг европско натпреварување, додека Алкалоид ќе мора да мине тежок и трнлив пат за да се најде на главниот турнир.

Алкалоид беше ставен во вториот шешир како неносител на денешното извлекување, а за жал, судбината посака избраниците на Кирил Лазаров да го добијат најтешкиот можен ривал.

Хановер беше најдобриот тим на хартија од групата на носители на денешната ждрепка, па извлекувањето посака токму германскиот бундеслигаш да застане на патот на Алкалоид.

Натпреварите ќе се играт на 30/31 август и 6/7 септември, а поволна околност во лошата ждрепка е тоа што Алкалоид реваншот го игра на домашен терен.