[ВИДЕО] Го прашале синот на Роналдо „Дали Јамал е подобар од неговиот татко“: Со својот одговор ги замолкна сите

Точка

15/07/2025

18:57

2.678

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо Јуниор, синот на славниот португалски голгетер се најде во центарот на внимание со својата реакција на гости кај познатот стример „2xRakai“ кој пред него констатираше дека Ламин Јамал е подобар фудбалер од неговиот татко.

Синот на португалскиот ас знаеше како да возврати.

„Моментално? Можеби да. Но, Ламин сè уште ништо нема освоено“, искоментира младиот Роналдо.

Многумина и го поздравија ваквиот одговор на Ронладо Јуниор истакнувајќи дека не направил ништо, туку само кажал каква е реалноста во овој момент.

Иако Јамал со само 18 години веќе ја освои титулата на Европското првенство со Шпанија во 2024 година и беше клучен играч на Барселона во освојувањето на дуплата круна (Ла Лига и Купот на кралот), според Кристијано Јуниор, вистинската големина на еден играч се мери со долготрајниот успех и бројот на освоени трофеи .

„Јамал е фантастичен и има блескав старт на кариерата, но татко ми е веќе икона. Треба време за да се зборува за вистински успех“, дополни синот на Роналдо.