Катарина Ивановска, без сомнеж е една од најубавите македонски манекенки, а доказ за тоа е долгогодишната интернационална кариера и бројните соработки со светските модни куќи.
Катарина се одликува со природна убавина и шарм на кој никој не може да одолее, а честопати знае да се појави во сексапилни изданија кои сепак изгледаат префинето.
Еден од нејзините најсилни атрубити се токму долгите и витки нозе за кои делумно се заслужни и напорните вежби со кои таа ја одржува совршената фигура.
Иако од неодамна по втор пат се реализираше во улога на мајка, Катарина изгледа подобро од многу девојки кои се двојно помлади од неа, а фотографиите кои таа ги објавува на социјалните мрежи предизвикуваат пофалби како од женските, така и од машките следбеници.
Меѓу најновите фотографии на манекенката се најде и една во која во преден план се нејзините секси нозе, а кадарот и позата успеаја да измамат воздишки кај многумина.