“Кликни и помоли се”: Ватикан претстави “паметна” бројаница за младите верници

Точка

18/10/2019

14:59

561

Големина на фонт

а а а

Во Ватикан, по сè изгледа не се задоволни од тоа колку младите во денешно време посветуваат внимание на црквата и верата, па затоа одлучиле да им понудат “молитвен геџет” во согласност со современите трендови.

Уредот наречен “Click To Pray eRosary” претставува електронска бројаница која може да се носи и како нараквица и која се активира кога корисникот ќе направи движење во облик на крст. 

Самата нараквица е изработена од 10 перли од црн ахат и хематит, а на неа се наоѓа “паметен” крст во кој се складираат податоци, пишува “Engadget”.

Кога ќе ја активира, корисникот може да избере еден од трите типа на молитви: стандардна, контемплативна или тематска, која секоја година ќе се менува со годишно ажурирање.


Овој уникатен “молитвен геџет” го следи својот корисник во молитвата, го бележи бројот на молитвите и води статистика. Исто така, уредот собира и информации за здравствената состојба на корисникот, а сета религиска содржина ја персонализира по пат на апликација.

“Ваквиот проект го спојува најдоброто од црковната духовна традиција и технолошкиот свет”, се наведува во соопштението.

Инаку, бројаницата е водоотпорна, а може да се користи и на Android и на iOS оперативните системи. Нејзината цена изнесува 99 евра, односно 110 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг