Двејн Рок Џонсон се ожени со 13 години помладата девојка, објавил фотографии од венчавката на Хаваи

Точка

20/08/2019

14:06

5.483

Големина на фонт

а а а

Младите биле облечени во бело. Лорен била во елегантна бела венчаница, а Рок носел бели пантолани и бела кошула, која ја раскопчал.

Познатиот актер и борач Двејн Рок Џонсон открил дека во текот на овој викенд се оженил со својата долгогодишна, 13 години помлада девојка Лорен Хашијан. Имено, холивудскиот суперстар се пофалил на Инстанграм, каде ги објавил фотографиите од свадбата која се одржала на Хаваите. 

"Се земаме", напишал Рок на социјалната мрежа.

Младите биле облечени во бело. Лорен била во елегантна бела венчаница, а Рок носел бели пантолани и бела кошула, која ја раскопчал.

Еве ја и фотографијата која Рок ја објавил на Инстаграм:

Лорен и Рок се запознале во 2006-та година, додека борачот уште бил во брак. По разводот, Џонсон почнал да се забавува со Хашијан, а во текот на романтичната врска добиле две ќерки - Џасмин и Тиана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг