Овој човек прв кажал дека слетувањето на Месечината е лага: Неговата книга предизвикала бура, а еве зошто мислел дека сè снимено во студио

Точка

12/07/2019

20:45

8.235

Големина на фонт

а а а

Оваа година се одбележуваат 50 години од слетувањето на Месечината, но и денес милиони луѓе ширум светот веруваат дека овој револуционерен настан воопшто не се случил и дека станува збор за врвен заговор.

Меѓутоа, дали некогаш сте се прашале како започнало се, кога почнале да се појавуваат првите теории на заговор? 

Се смета дека зад се стои Американецот Бил Кејсинг. Тој, всушност, работел за компанијата која ги градела ракетни мотори "Saturn V", така што бил меѓу 400.000 луѓе заслужни за развојот на вселенската програма Аполо на агенцијата НАСА.

Само тој се посомневал дека нешто е сомнително и целиот живот го посветил на тоа. Во 1976-та година ја објавил книгата "Никогаш не бевме на Месечината: Американска измама од 30 милијарди долари". Тоа предизвикало цела низа теории на заговори кои се актуелни и денес.

На пример, дури и секој шести Британец смета дека слетување на Месечината е лажирано.

Кејсинг во текот на целиот живот пропагирал дека НАСА се извела во студио.

Изнел цела низа добро познати тези: на фотографиите нема ѕвезди, американското знаме се вее иако тоа не е возможно, се гледаат сенки од различни агли и воопшто ги нема кратерите кои ги направило леталото "Eagle".

"Се знае дека НАСА немаше некој успех и тогаш во 1969-та година наеднаш можевме да спроведеме на дело таков лет? Тоа е статистички невозможно", рекол тој во 1994-та година.

Кејсинг починал во 2005-та година на 82 години.

Иако НАСА, како и голем број на експерти, во текот на децениите објаснувала дека летот на Месечината се случил, "неверниците" не може да се уверат.

За целата приказна придонела и сцената од еден филм за Џејмс Бонд, "Дијамантите се вечни" со Шон Конери. Додека бркал негативец, Џејмс Бонд случајно упаднал на сет кој изгледал како површината на месечината, со астронаути, што алудира на тоа дека се било изведено во студио. Тоа сепак било шега, но неколку години подоцна почнале да се снимаат филмови во кои се прифатила идејата за лажното слетување.

Посебно во ерата на интернетот, оваа теорија на заговор добила на популарност.

"Американците сакаат теории на заговор. Секогаш кога нешто ќе се случи, секогаш се наоѓа некој што ќе понуди контраобјаснување. Освен тоа, како се одржувала оваа лага веќе 5 децении, а никој од НАСА никогаш не проговорил за тоа ниту пак кажал нешто случајно", рекол историчарот Роџер Лаунијус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг