“Пиеш шампањ за време на Рамазан”: Неговиот татко го напуштил кога бил дете, неговата земја го игнорира, но по ова сите го сакаат

Точка

20/06/2019

14:53

5.052

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот претставник на овогодишниот натпревар за песна на Евровизија, Мамуд (Алесандро Мамуд) беше главна тема во својата земја по победата на Санремо, државниот музички натпревар. Сопственикот на хитот “Soldi” кој го освои второто место на Евровизија стана семе на раздорот поради своето потекло.

Мамуд има египетска и италијанска крв во себе. Откако беше прогласен за победник, се појавија две спротивставени страни во Италија. Едната страна смета дека е добро тоа што неговите корени се различни, но другата страна смета дека неговото египетско потекло и култура ја уништуваат италијанската култура. 

Пејачот пораснал во Милано. Неговата мајка Италијанка која била познат модел и неговиот татко од Египет, во очите на јавноста го дефинирале како странец и некој кој е полу Италијанец. Гласовите од публиката на натпреварот не биле во негова корист, туку во корист на неговиот конкурент Ултима кој освоил 48,8 отсто од вкупниот број на гласови – многу повеќе од неговите двајца најголеми конкуренти. Но, комбинацијата на гласови од публиката, жирито и новинарите му обезбедиле победа на пејачот.

Алесандро пораснал со својата мајка. Откако неговите родители се развеле и неговиот татко го напуштил, Мамуд напишал голем број песни за неговото растење.

Во 2012 година паралелно студирал, работел во кафуле и бил натпревар во емисијата “X Factor Italy”. Испаднал по третиот круг, но продолжил да посетува часови во музичка школа, да вежба клавир, солфеж и музичка теорија. По завршувањето на школата, пишувал песни за себе и за други изведувачи.

Песната “Soldi” (Пари) е негов најголем хит. Во текстот, Мамуд пее за тоа како парите можат да ги променат луѓето и членовите на семејството. Ги опишува среќните моменти во детството и како татко му му купувал подароци, но исто така го критикува и татковото религиско лицемерие, па во еден стих пее: “Пиеш шампањ во текот на Рамазан”.

Музиката на Мамуд содржи политичка и социјална критика, која е во согласност со неговото растење и реакцијата на јавноста кон него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг