Две горили, кои до неодамна спаѓале во видот кој е на раб на изумирање, покажале како се позира за селфи. Поради фотографиите паркот добива повеќе донации од било кога.
Две планински горили, кои спаѓаат меѓу најзагрозените животни на Земјата, неодамна позирале за селфи со ренџерот на Националниот парк Вирунга во Конго, Матеу Шамавуа.
Ренџерот покрај објавената фотографија на Инстаграм напишал дека тоа е само уште еден "ден во канцеларијата", а фотографијата привлекла многу внимание на интернет.
Матеу, кој претходно работел за Институтот за зачувување на природата во Конго ICCN, со фотографијата привлекол многу луѓе кои во коментарите ја пофалиле неговата работа и ветиле дека ќе донираат пари за паркот за подобрување на условите во кои живеат горилите.
До неодамна планинските горили биле на работ на изумирање поради двојна закана - ловокрадците и уништувањето на нивната животна средина. Константната работа на зачувувањето на овој вид вродлила со плод, но во дивината поради наведените причини ги има само околу илјада, а од ден во ден нивниот број е се помал.
Фотографијата на Матеу била постирана и во групите "Elite Anti-Poaching Unit" и "Combat Trackers" и била споделена повеќе од 20.000 пати.
"Селфи на годината", напишала Ивон Ндеге, поранешна новинарка на BBC која сега работи за ОН во Кенија.