Поранешниот сопруг на Моника Белучи доби ќерка со 30 години помладата сопруга, а името ги воодушеви фановите

Точка

20/04/2019

14:05

7.836

Големина на фонт

а а а

Поранешниот сопруг на Моника Белучи, актерот Винсент Касел, доби дете со 30 години помладата манекенка Тина Кунаки.

Среќната вест ја објави на Инстаграм, со тоа што напиша „Амазони е родена“. 52-годишникот така го откри необичното име кое ѝ го дале на ќерката. Според објавената фотографија, името е посветено на Бразил, каде парот живее еден дел од годината. Името ги воодушевило неговите пријатели, но и фановите на двојката.

View this post on Instagram

Amazonie est née ❤️

A post shared by Vincent Cassel (@vincentcassel) on

Неговата објава е лајкувана повеќе од 70 илјади пати, а коментарите се преплавени со пораки полни со честитки и добри желби. На 52-годишниот Винсент ова му е трето дете, а на 22-годишната Тина прво.

Тина и Винсент се венчаа во август минатата година, после 2-годишната врска, а бременоста ја објавија во јануари оваа година.

Винсент од бракот со Моника Белучи има две ќерки, 13-годишната Дева и 8-годишната Леони. Тие се разведоа во 2013-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг