Дали Велика Британија воопшто ќе ја напушти Европската Унија? Што навистина значи одложувањето на Брегзит?

Точка

11/04/2019

17:51

3.496

Големина на фонт

а а а

На вонредниот самит во Брисел, лидерите на Европската унија ѝ одобрија на Велика Британија ново одложување до 31-ви октомври.

Со други зборови, британската премиерка Тереза Меј го доби точно тоа што го сакаше. Меј веќе имаше добиено одобрување од британскиот парламент за одложување, иако таму се гласаше за одложување до јуни.

Сепак, се чини дека Европската унија е подготвена на Велика Британија да ѝ даде колку што е потребно време за да се подготват за „уреден Брегзит“ – некои извори тврдат дека Доналд Таск, претседателот на Советот на ЕУ би подготвен да го одложи напуштањето на Велика Британија на Европската унија на една година.


Но, ова одложување значи дека Велика Британија ќе мора да учествува на парламентарните избори во Европската унија кои се одржуваат идниот месец. Дека тоа и тоа како ќе ги зголеми фрустрациите во Велика Британија, свесна е и Тереза Меј.

„Знам дека ова ќе биде многу фрустрирачко за многумина. Велика Британија требаше досега веќе да ја има напуштено Европската унија и искрено жалам поради фактот што не успеав да го наговорам парламентот да го прифати договорот“, изјави британската премиерка Тереза Меј и додаде:

„Но, изборот кој е сега пред нас е јасен, исто како и рокот. Сега мораме да постигнеме консензус околу договорот кој е во наш национален интерес. Немам илузија дека идните седмици ќе бидат лесни, ниту дека лесно ќе го решиме застојот во парламентот“, изјави Тереза Меј.


Што значи новото одложување на Брегзит? Има многу опции, но првата е Велика Британија до крајот на октомври да ги усогласи политичките опции по прашањето на договорот околу напуштањето на Европската Унија, нешто што не значи дека Британците ќе го направат по секоја цена.

Од Европската Унија покажаа дека имаат волја да им даваат на Британците одложувања и тоа им е јасно на сите фракции во британскиот парламент. Тоа значи дека Европската Унија лесно би можела да се согласи и на нови одложувања после октомври.

Секако, според многумина ова е одлична шанса за јакнење на анти-Брегзит опцијата, а сите оние кои што се против напуштањето на Европската Унија, сега имаат неколку месеци да се обидат да ја истуркаат својата идеја за организирање на нов референдум во кој би се спречило спроведувањето на Брегзит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг