[ВИДЕО] Ахмети изјави дека ќе открие сè: Се прават планови во „црвените подруми“

Точка

20/05/2024

12:32

8.347

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ДУИ обвинува за заткулисни планови на двете најголеми македонски партии и стравува дека тие ќе имаат влијание и на меѓуетничките односи.

Ахмети изрази стравување дека неправдата што му е нанесена на Европскиот фронт со одлуките за прегласување во седум различни избирачки места во зона 5 и 6, ќе има влијание и на меѓуетничките односи. Но и дека целта е Европскиот фронт да не биде втора сила во земјата.

- Овој момент доаѓа по анализа на одлуките на ВМРО и СДСМ за повторување на изборите на овие изборни места, со цел да се спојат за Европскиот фронт да не биде втора сила во земјата. Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност, кои политики, за жал, се плашиме дека ќе имаат влијание и на меѓуетничките односи, кои ние не ги посакуваме, изјави Ахмети.

- Ова повторување е направено со уште поопасна позадина за да не наведат нас Албанците во братоубиство. Како што направија на избирачко место во општина Желино, рече Ахмети.

Тој најави дека наскоро ќе ги разоткрие сите планови што се правеле во „црвените подруми".

- Сите политички акробации, тајни договори во црвените подруми што се прават, се неприфатливи и за осуда. Бидејќи истите значат чекор назад и тоа не треба да се толерира, туку сите страни треба да влијаат. Ги знаеме сите детали за зделките во црвените подруми, политичките зделки. Во иднина ќе излеземе со детали за сите договори и ќе и ги претставиме на јавноста, рече Ахмети.

Коалицијата ВРЕДИ изразува жалење за Ахмети, нагласувајќи дека Ахмети ја изгубил контролата по губењето на власта. Ги повикуваат да дејствуваат како конструктивна опозиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг