Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.
Денеска лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело – примање награда за против – законито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, се вели во изјавата од МВР.
Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.