[ВИДЕО] Новинар известува покрај остатоците од хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, багажот на патниците е расфрлан наоколу

Макфакс

20/05/2024

10:46

2.036

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, која се урна во неделата на северозападот на земјата, а спасувачките екипи ги лоцираа остатоците и ги пронајдоа телата рано утринава.

Покрај Раиси, загина и шефот на иранската дипломатија и уште неколку лица, а нивните тела се идентификуваат.

Иранската државна телевизија објави снимка на која се гледа како спасувачките екипи носат тело покриено со ќебе на носилки, а сега објавија снимка на која се гледа како новинар од иранска државна агенција стои покрај урнатините.

На снимката можат да се видат работите на патниците што се расфрлани наоколу.

Државната новинска агенција ИРНА претходно објави дека покрај претседателот Раиси и министерот Амирабдолахиан, ајатолахот Мохамад Али Ал-е Хашем, имам за петочната молитва во градот Табриз и генералот Малек Рахмати, гувернер на иранската провинција Источен Азербејџан, биле во хеликоптерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг