Објавено видео од евакуацијата на телата на настраданите во падот на иранскиот хеликоптер: Спасувачите ги извлекуваат загинатите од длабоката шума

Точка

20/05/2024

12:29

2.354

Големина на фонт

а а а

Иранскиот потпретседател Мохсен Мансури потврди дека претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, загинал во хеликоптерска несреќа.

Со него во хеликоптерот бил и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, кој исто така загинал.

Иранските медиуми објавија видео од евакуацијата на телото на еден од загинатите членови на претседателската делегација.

Снимката ја објави агенцијата ИРНА, а ја пренесе Спутник.

Иранскиот новинар Сулејман Ахмед заедно со стравичните фотографии од местото на несреќата навел и дека телата на загинатите во хеликоптерската несреќа се изгорени и поради тоа не може да бидат идентификувани.

За потсетување, иранскиот претседател Ебрахим Раиси се враќал од церемонија на отворање на браната на границата меѓу Иран и Азербејџан, кога неговиот хеликоптер се срушил при слетување во регионот Варзакан, на 600 километри од Техеран.

Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека во хеликоптерот биле и ајатолахот Мохамад Али Ал-е Хашем, имамот на петочната молитва во градот Табриз и генералот Малек Рахмати, гувернер на иранската провинција Источен Азербејџан. Загина и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг