Макрон пресече: Нема повеќе да се дозволи дивеење на „Жолтите елеци“ – на улиците излегува и армијата!

Точка

22/03/2019

15:31

3.008

Големина на фонт

а а а

Француските власти се одлучија на радикален чекор после најновите насилства за време на протестите на „Жолтите елеци“ и минатиот викенд.

На француските војници ќе им биде дозволено дури и да отворат оган доколку проценат дека протестите на „Жолтите елеци“ ги загрозуваат нивните животи, а ова го потврди денес и воениот гувернер на Париз.

Сериозните зборови на генералот Бруно Лерај ја нагласуваат растечката криза со која се соочуваат француските власти на чело со претседателот Емануел Макрон, додека протестите на „Жолтите елеци“ не само што не стивнуваат, туку стануваат и се понасилни, иако избија пред неколку месеци.


Поради тоа, француските власти донесоа одлука на улиците да излезат и припадниците на армијата кои ќе им бидат поддршка на 5 илјадите полицајци кои ќе го одржуваат редот и мирот за време на 19-те демонстрации по ред закажани за утре во Париз.

„Доколку им биде загрозен животот, тие имаат дозвола да отворат оган“, порача Лерај за француските медиуми во пресрет на утрешните протести.


На последните протести минатата сабота, демонстрантите запалија неколку банки, ресторани и други објекти, а полицијата употреби солзавец и водени топови. Во интервенцијата на полицијата беа уапсени над 250 демонстранти, а снимките од насилствата на улиците во француските градови го обиколија светот.

Генералот Лерај порача дека недефинираниот број на припадници на француската армија, кои вообичаено се користат во анти-терористичките акции, ќе ги бранат јавните згради во текот на утрешниот ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг