Протекоа контроверзни детали за љубовницата на милијардерот: Имала бурни врски, а некогашните пријатели и вереници сериозно ја оцрниле!

Точка

23/01/2019

17:21

4.437

Големина на фонт

а а а

Светот го обиколи веста дека најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, се разведува од сопругата Мекензи, после 25 години брак и тоа поради заносната водителка Лорен Санчез.

Меѓутоа, сега во јавноста почнаа да се појавуваат пикантни детали од животот на Санчез.

Нејзина некогашна пријателка за медиумите рекла дека Безос ќе испадне „сериозно глупав“ ако се откаже од половина од своето богатство поради неа.


Неименуваниот извор вели дека водителката позади себе имала бурни врски и дека четири пати била верена, како и дека еднаш се обидела да се смири со својот поранешен партнер, додека била верена со друг.

Според нејзините зборови, Санчез, која и понатаму е во брак со Патрик Вејтсел, агентот за таленти, наводно се обидела да се смири со поранешниот играч на американски фудбал, Тони Гонсалес, со која има 17-годишен син.

„Џеф Безос е сериозно глупав ако се откаже од половина од богатството поради неа“, рекол изворот.


Безос објавил дека се разведува, откако се дознало дека магазинот Нешенел Енквајвер ќе ги објави доказите за неговото неверство, што и навистина се случило.

Санчез почнала да се гледа со сегашниот сопруг набрзо откако почнала да живее со актерот Хенри Симонс. Со Вајтсел се венчала во 2005-та година.

Била во врска со кошаркарот Дерек Фишер, набрзо откако ѝ пропаднала веридбата со уште еден играш на американски фудбал, Ентони Милер, во 2002-ра година.

Милер раскажал дека пет години бил во врска со неа, но никогаш немал доверба во неа и дека се разделиле поради неверство.

„Не можев да ѝ верувам. Таа ме изневерувала со други мажи. Тоа го дознав кога го прочитав нејзиниот дневник, а дознав и многу повеќе откако се разделивме“, рекол тој.

Милер исто така рекол дека таа секогаш барала тој сè да плаќа и дека го задржала вереничкиот прстен.

Меѓутоа, некои извори блиски на поранешниот пар, рекле дека тој ја изневерувал со стриптизета.

Пријател на водителката рекол дека Санчез била верена со некогашниот водител Рори Маркс, додека била приправничка во една телевизија и дека го оставила кога добила нова работа.

Наводно „му фрлила око“ на Безос веднаш штом таа и нејзиниот сопруг се спријателиле со него пред неколку години.

Кога го запознала Безос и неговата сопруга Мекензи, наводно на свој близок пријател му рекла: „Ете ваков маж ми треба“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг