Не ги тргнале рацете еден од друг: 50-годишната легендарна пејачка е во врска со 16 години помладо момче?

Кармин

23/01/2019

14:09

5.223

Големина на фонт

а а а

Откако кон почетокот на 2016 година го изгуби својот сопруг Рене Анжелил со кој беше во брак цели 22 години, канадската пејачка Селин Дион наводно повторно љуби.

Минатата година се појавија гласини дека пејачката е во тајна врска со 16 години помладиот танчер Пепе Муноз, но тогаш тие ги отфрлиле гласините, тврдејќи дека се само добри пријатели. 


Сега на ревијата на модната куќа “Alexandre Vauthier” во склоп на модната недела во Париз повторно ги распламтија овие гласини. Селин и Пепе пристигнале заедно на ревијата и постојано се допирале.

Пепе ѝ помагал на пејачката да го намести својот фустан, а ни Селин не ги штедела своите допири. Фотографијата на која пејачката го допирала Пепе по лицето стана хит на социјалните мрежи, а сите се прашуваат каков разговор ѝ претходел на ваквата реакција на Дион.

Селин, која во последните три години претрпела трагедија поради смртта на сопругот и нејзиниот брат, драстично ослабнала, а наводно била и во тешка депресија. Неодамна се “шушкаше” и дека е во тајна врска со холивудскиот актер Расел Кроу, но ваквите гласини се покажаа како неточни.


Насмевката која таа не ја тргала од лицето за време на модната ревија би можело да значи дека канадската пејачка се чувствува подобро и посреќно. Дали причина за нејзината среќа е новиот партнер или навистина станува збор само за добар пријател, сѐ уште не може со сигурност да се знае.



Спонзорирани линкови

Маркетинг