Дали можете да забележите проблем со убавата јапонска манекенка која стана хит?

Точка

22/01/2019

16:02

3.349

Големина на фонт

а а а

Покрај нејзините изразени очи, беспрекорната кожа и совршена коса, не е тешко да се сфати зошто убавата јапонска манекенка Има ги освои луѓето. Но, она што многумина не воочиле е дека таа всушност не е вистинска личност.

Има, чие име е инспирирано од јапонскиот збор 今, кој значи "моќ", е производ на 3Д моделирање, но тоа не ја спречи да стане Инстаграм сензација. Имено, Има ја следат повеќе од 17.000 луѓе, што е три пати повеќе откако пред некој ден нејзините фотографии станаа вирални во Јапонија. 

View this post on Instagram

? ?HAPPY NEW YEAR ? ????????

A post shared by imma (@imma.gram) on

Во нејзиниот опис пишува дека станува збор за виртуелен модел, но само од поглед на фотографијата, за кој навистина е лесно да се поверува дека станува збор за реална личност.

Како што пренесува Одити Централ, Има е направена од компанијата ModellinCafeInc, а за првпат на социјалните мрежи се појави минатата година. Сепак, таа станала хит оваа година, а исто така ќе ја краси и насловната страна на магазинот CG World за февруарското издание.

Колку рапидно науката и технологијата напредуваат, покажуваат и портретите кои ги генерирала уметничката интелигенција, а која е речиси невозможно да се разликува од реалната личност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг