Девојката која носела вода станала главна ѕвезда на Златните глобуси, гледате ли зошто?

Точка

07/01/2019

12:00

7.218

Големина на фонт

а а а

Девојката која носела шишиња со вода на црвениот тепих на вчерашните Златни глобуси стана вистински хит на интернет откако ги “фотобомбардирала” сите ѕвезди, пишува “The Sun”.

Непознатата девојка која носела шишиња со вода “Fiji” станала ѕвезда на доделувањето на наградите со нејзиното појавување зад некои од најпознатите светски личности. Оние кои ги гледале Златните глобуси веднаш ја воочиле бринетата која се појавила зад Дакота Фенинг, Џим Кери, Идрис Елба но и многу други. 

“Девојката која носела “Fiji” вода е ѕвезда на вечерта”, е само еден од коментарите што се појавија на социјалните мрежи.

“Fiji” е официјалниот бренд на вода на Златните глобуси од 2015 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг