Непознавањето на градот Ријека и невниманието, навеле 72-годишен возач од Белград, кој инаку живее во Германија, барајќи паркинг да скршне од патот и со скапоценото "Porsche 911" да заврши на скалите меѓу Ријечина и Мртвиот канал, во близина на градскиот паркинг на Делтата во самиот центар на Ријека.
"Не можевме да веруваме што гледаме од прозорецот. Се шегувавме дека го погрешил "GPS-от", рекол еден сведок.
Тогаш при разговор дознале дека станува збор за турист, кој во потрагата по паркинг скршнал од тротоарот на скалите", рекле службениците од зградата во близина, кои биле сведоци на глетката.
"Едноставно не видов дека има скали. Барав паркинг, а дојдов на погрешната страна и ете, автомобилот заврши тука", рекол возачот на автомобилот, 72-годишен маж роден во Белград, кој инаку живее во Германија.
"Набрзо дојдоа влечни служби, но тие не успеаја да ги кренат автомобилот. Тогаш се собраа десетина млади момчиња, кои на возачот му помогнаа да се врати на улица и да го продолжи својот пат", рекол еден сведок.
Судејќи според местото на несреќата, поголема штета на скапоцениот автомобил немало, наведува "Novi List".