"Како брод во шише патувам": Фотографиите од испраќањето на Оливер Драгојевиќ се толку емотивни што го параат срцето

Точка

01/08/2018

14:54

6.558

Големина на фонт

а а а

Граѓаните на Сплит, но и цела Хрватска вчеравечер приредија свечено испраќање на Оливер Драгојевиќ, кој денеска во 18 часот ќе биде погребан во Вела Лука, Корчула.

Славниот музичар, кој во неделата во раните утрински часови почина од рак на белите дробови, беше испратен од звукот на бродските сирени, но и со стиховите од своите најголеми хитови.

По вчерашната комеморација во хрватскиот народен театар во Сплит, бројни граѓани, но и членовите на семејството и пријателите на Оливер Драгојевиќ, со молитва и негови песни го испратија до Св. Никола, од каде испловил кон Вела Лука со катамаран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг