Детали за нејзиниот прв брак: Мерлин Монро сопругот го нарекувала “татичко“, а се омажила со полицаецот за да не остане сираче!

Точка

22/06/2018

21:19

8.457

Големина на фонт

а а а

Славната глумица со руси локни и заводливи облини беше причината за тоа што многу мажи доживеаа “срцев удар“, особено кога таа ќе облечеше некој од нејзините тесни и кратки фустани. Таа доживеа енормна слава во Холивуд, а истовремено важи за една од најубавите жени во историјата, но тажно е тоа што глумицата не живеела премногу долго.

Нема кој не ја познава Мерлин Монро, но малку се оние коишто знаат дека таа се омажила на само 16 години, додека била малолетна.



Работела во фабрика

Мерлин Монро била препознаена во фабрика за делови на авиони, кадешто глумицата работела за да преживее. Набргу потоа Мерлин доживеала светска слава. Мажите за неа мечтаеле, а жените ја имитирале. Таа се омажила на само 16 години, после 6 месечна врска со својот избраник.

Првиот брак на Мерлин Монро



Мерлин се омажила како тинејџерка, бидејќи како што тврди таа од својата 7 - ма година живеела во згрижувачки семејства, после смртта на нејзината мајка. На крајот Мерлин била посвоена од соседите, коишто биле пријатели на нејзината покојна мајка. Мерлин во изјавите за својот прв сопруг кажала дека е среќна со него и дека го обожава сексот со него.

Сопругот го нарекувала “татичко“


Откако семејството со коешто тогаш Мерлин живеела решило да се отсели, таа одлучила да се омажи за полицаецот Џејмс Доерти за да не остане сираче. 



“Одлучивме да се венчаме за да таа не мора да се врати во дом, а истовремено бевме заљубени. Мерлин ме нарекуваше “татичко““, изјавил полицаецот.  

Мерлин поднела барање за развод


После една година брак, нејзиниот сопруг заминал со морнарица па на Мерлин ѝ било многу здодевно. Затоа после 4 години таа му испратила документи за развод во 1946 година. Полицаецот тогаш јавно раскажал што навистина се случило:

“Бев на брод кога ги добив документите за развод. Таа сакала да потпише договор со телевизиска куќа којашто имала барање таа да биде немажена, затоа што тие не сакале да имаат трудна старлета. Кога се вратив таа ми кажа дека го сторила сето тоа само поради славата, но дека се уште сака да сме заедно. Јас не можев да го поднесам тоа.„

Медиумите тврдат дека втората сопруга на полицаецот му забранувала тој да ги гледа филмовите во коишто глуми убавата Мерлин.





Спонзорирани линкови

Маркетинг