Американскиот новинар ја шокирал нацијата: За пукањето во училиштата се виновни антидепресивите и амфетамините! Децата ги пијат како бомбони...

Точка

14/06/2018

14:47

2.017

Големина на фонт

а а а

Пукањето и убиствата во американските училишта станале морбидна субкултура, специфична за таа земја, а познатиот американски истражувачки новинар Џон Рапопорт пишува дека за тоа е виновна претераната употреба на лекови против депресија и амфетамините.

Кога станува збор за пукање и насилство, мејнстрим медиумите секако го споменуваат идеолошкото определување на напаѓачот, бојата на кожата, религијата и евентуалната наркоманска позадина, но поврзувањето со употребата на лекови, здравствениот систем и фармацевтските третмани со се поголем број на психички и физички заболувања се табу тема, пишува Рапопорт. 

Овој истражувачки новинар тврди дека сите напаѓачи кои пукале по училиштата ги поврзуваат - лековите.

Така Ерик Харис, кој со соученикот Дилан Клеболд на 20. април 1999. година пукал во средното училиште "Колумбајн" во истоимениот град во Колорадо и убил 12 ученици и еден наставник, пиел "SSR inhibitor Luvox" - антидепресив сличен на "прозак", кој му бил препишан од лекар.

Другите употребувале антидепресиви и амфетамини како што се "адерал" и "риталин", лекови на кои научниците им припишуваат "манијакалност" како можна нуспојава. Рапопорт наведува, и тоа го поткрепува со низа истражувања, дека само "раталинот" има повеќе констраиндикации, кои се многу важни за проучувањето на овие можни врски. Параноја, психоза, манија, халуцинации, агресија, импулсивност и пореметувања "REM" - се само некои од пореметувањата кои во коктел со антидепресив, алкохол и други дроги, го претвораат болниот во темпирана бомба.

Џон Рапопорт

Рапопорт го споменува и случајот со 16-годишната Џули Мери Мид, девојче кое во ноември 1996. година во Округот Принц Џорџ во Мериленд се јавило во полиција, молејќи да дојдат и да ја убијат. Кога патролата пристигнала во зградата, "почнала да ги моли полицајците да ја убијат. Рекла дека ако не ја убијат наскоро, самата ќе си пресуди. Се заканила и дека почне да пука во нив", рекол Џозеф Трантоло, кој случајот го опишал во истражувањето "Децата и прозакот: На почетокот не е штетно" за Меѓународниот центар за истражување од психијатрија и психологија. Полицајците ја застрелале кога го свртела пиштолот кон нив, а умрела во болница.

Тим од истражувачки новинари побарал независна истрага за овие наводи, но набрзо објавиле дека се изложени на невидени притисоци од фармацевтските компании. Бидејќи самата тема е многу контроверзна, се претпоставува дека "контролираните супстанци" нема да бидат прогласени за причина за проблемот. Меѓутоа, федералните истражни екипи не можат да ја игнорираат очигледната врска меѓу антидепресивите и растот на насилството.