Едно лице е повредено во вооружена престрелка што се случи околу 14 часот на улицата Војдан Чернодрински на Бит Пазар, потврдија од полицијата за „Макфакс“.
На терен има полициски службеници и екипи на брзата помош.
Повреденото лице е пренесено на ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот биле најдени повеќе чаури, а засега нема официјални информации за причините за вооружената престрелка.