Камион налетал на запрен автомобил, загинаа сестри: тешка сообраќајна несреќа во Загреб

Макфакс

25/04/2025

20:14

776

Големина на фонт

а а а

Две лица загинаа, а трето е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на обиколницата на Загреб.

Хрватската полиција објави извештај за тешката несреќа во која настрадаа две сестри, а трето лице е повредено.

„Денес во 9 часот наутро, 40-годишен маж управувал камион со загрепски регистарски таблички, а се движел се по автопатот А3 во североисточен правец. При достигнувањето на 39-тиот километар, тој не ја прилагодил брзината на возилото на состојбата и карактеристиките на патот и атмосферските услови за да може навреме да го запре своето возило пред секоја пречка што можел да ја предвиди во специфичните услови.

Во таа прилика, предниот дел од возилото се судрил со задниот дел од патничко возило со дубровнички регистарски таблички управувано од 67-годишна жена, која се движела по десната лента од горенаведениот коловоз во правец североисток, и во моментот на судирот била запрена на горенаведената лента.

Како резултат на судирот, патничкото возило со дубровнички регистарски таблички било фрлено надесно, а неговиот преден дел се судрил со предниот дел од патничко возило со загрепски регистарски таблички управувано од 62-годишен маж, кој се движел по десната лента на автопатот А3 во правец североисток.

Во сообраќајната несреќа загинаа 67-годишниот возач на патничко возило со дубровнички регистарски таблички и 65-годишна сопатничка од возилото, додека 56-годишната сопатничка од истото возило е тешко повредена и ѝ е укажана лекарска помош во Клиничката болница Дубрава“, соопшти Полициската управа во Загреб.