„Феномен на црн лебед, да бев виновен – немаше да бидам тука“: Таткото на убиецот од Рибникар повторно се претставува како жртва – еве кого обвинува сега!

Точка

25/04/2025

21:36

5.739

Големина на фонт

а а а

Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето-убиец кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар на 3 мај 2023 година, кога со пиштолот на неговиот татко беа убиени девет ученици и еден училишен чувар, денеска беше изведен од притвор пред Вишиот суд во Белград во рамки на граѓанска постапка.

Станува збор за тужба поднесена од Милјана и синот на Татјана Стевановиќ – професорка по историја, која беше тешко повредена во мајскиот масакр, пренесува српски Курир.

Кецмановиќ, кој се наоѓа во притвор од 3 мај 2023 година, кога неговиот син – тогаш ученик во седмо одделение – влегол во училницата и отворил оган врз учениците и наставничката по историја, повторно се обиде да ја истакне својата невина. Овојпат, пред судот ја префрли вината и на училиштето, но и на сопствениот син.

– Трагедијата е уште поголема бидејќи наставничката на мојот син, Татјана, му ја всади љубовта кон историјата. Го водев на натпревари каде одеше заедно со другарот во кого подоцна пукаше. Сè уште немам објаснување за тоа што се случи. Овој феномен се нарекува „феномен на црн лебед“, и да бев виновен, сигурно немаше да стојам овде – изјави Владимир Кецмановиќ пред Вишиот суд во Белград, како одговор на тужбата на повредената професорка Татјана Стевановиќ. Таа денеска не присуствуваше на рочиштето, но обвинетиот ја искористи приликата да ѝ се обрати.


– Иако госпоѓата Татјана не е присутна, чувствувам потреба да изразам длабока тага за сè што доживеа. Ако сака да разговараме, јас сум тука – рече Кецмановиќ, кој потоа зборуваше и за оружјето што го поседувал, како и за тоа кога го водел својот син на стрелиште – околности кои момчето-убиец претходно ги споменал и во кривичната постапка против родителите, посочувајќи дека нападот веројатно немаше да се случи доколку немал пристап до оружје.

Тој се качи на подиумот и се обиде да објасни зошто го однел малолетниот син на стрелиште.

– Го однесов бидејќи трипати имаше ковид и му беше забранета физичка активност. Мислев дека стрелаштво би било добра активност за него. Првиот тренинг траеше 45 минути – изјави Кецмановиќ, додавајќи:

– Што се однесува до оружјето што го чув во станот – беше складирано во специјални касети со брави. Претпоставувам дека гуглал како се отвораат, барем така видов во фајловите. Никогаш не ја знаеше шифрата, ниту пак ме прашал за неа.


Кецмановиќ детално зборуваше за посетите на стрелиштето, нагласувајќи дека синот пукал само во статични цели и никогаш не вежбал надвор од стрелиштето.

– Првиот пат тренираше со малкалибарски блок. Потоа донесов свој малкалибарски пиштол бидејќи беше поквалитетен од оној на стрелиштето. Сопственикот Ратко Ивановиќ предложи да проба и 9 мм, но јас се спротивставив. Вкупно трипати сме биле на стрелиште и за тоа време испука 20 до 30 куршуми. Затоа и понатаму не разбирам како го сторил ова злосторство – рече тој.

Во продолжение изјави дека оружјето не му е центар на животот, туку дека имал и други хобија кои, според него, му биле одземени поради синот.


– Оружјето е само мал дел од мојот живот. Сум се занимавал со нуркање, фотографија, кошарка, скијање, подводна фотографија... Но сето тоа го изгубив поради синот – рече тој со акцент на секој збор.

На прашањето од адвокатката на тужителката дали, како родител што поминувал најмногу време со синот, може да претпостави зошто го направил тоа, Кецмановиќ одговори:

– Најмногу време поминуваше во училиште, а никој таму ништо не забележа. Во психијатријата ова се нарекува „феномен на црн лебед“, кога ништо не укажува на трагедија. Жал ми е за родителите кои ги загубија децата, за повредените и трауматизираните – заради нив, но и заради нас како родители, важно е да се дознае зошто го направи тоа – заклучи тој.


Извор од судницата за српски Курир изјави дека Кецмановиќ делувал подготвено, и дека – исто како во кривичната постапка – се обидувал да се претстави како жртва.

– Постојано се обидува да се прикаже како жртва и ги обвинува другите. Никогаш, ни за миг, не ја согледува сопствената одговорност. Додека зборуваше, изгледаше како однапред да си го има подготвено говорот – вели изворот.

Граѓанската постапка е завршена, а пресудата ќе биде објавена писмено.