16-годишната Хана Стоун наизглед имала се што едно девојче на тие години може да посака. Покрај семејството кое ја сакало, преку платформата "YouNow" постигнала голем успех и таму ја следеле 375.000 луѓе, имала илјадници пријатели на Инстаграм, а и се смешкала и успешна музичка кариера. Во октомври минатата година си го одземала животот.
Нејзините родители Леонард и Ангела тврдат дека нивната ќерка преку работ ја турнала веста дека нејзината противничка од социјалните мрежи, Даниеле Бреголи, потпишала мултимилионски договор со издавачка куќа, но и силувањето кое од нив го криела до последниот ден од животот.
Бреголи е попозната како "Cash me outside", по фразата која ја користела за време на гостувањето во емисијата на Др. Фил, која ја прославила. По таа емисија почнала да заработува од појавувања на разни настани, а набрзо потпишала договор со "Atlantic Records". Моментално е номинирана за "Bilboard Awards" во категоријата најдобар рап изведувач.
Откако слушнала за нејзиниот успех, Хана почнала да верува дека никогаш нема да успее, посебно бидејќи двете ги застапувал Адам Клугер, кој целосно се посветил на Бреголи, а Хана ја занемарил.
Пред смртта Хана на родителите им признала дека на конвенција за социјалните мрежи ја силувал странец, но не сакала да им открие многу детали за тоа.
"Договорот кој Бреголи го потпиша го скрши нејзиното срце, тоа беше моментот кога сфати дека нејзиниот сон можеби нема да се оствари. И натаму ме боли, не можам да ви ја опишам празнината што ја чувствувам. И натаму се обидувам да се помирам со нејзината смрт", рекол нејзиниот татко.
Откако Бреголи потпишала договор, Хана на Твитер напишала: "Никогаш нема да можам да опишам колку ми е жал". Малкумина знаеле за што зборува. Иако таа и на Инстаграм имала 81.000 фанови, песната која ја напишала ја слушнале 72.000 луѓе, но никој не и понудил договор.
"Се сеќавам дека дојде дома на почетокот на октомври, веќе тогаш не можеше да функционира. Ја прашував што не е во ред, а таа почна да ми зборува за силување и за тоа дека никогаш нема да пее. Бев во шок", открива нејзината мајка.
Додека родителите на Хана веруваат дека најмногу ја скршило тоа што Клугер и го свртел грбот, тој не гледа врска меѓу нив две. Рекол дека нејзината смрт е трагедија, но дека тој не можел да ја спречи.
"Се обидував да и помогнам, и велев дека за тоа треба време, дека мора да работи на социјалните мрежи", рекол тој за "Daily Mail".