Главниот град на Ирска отсекогаш била популарна станица за туристите кои ја посетуваат Европа, особено за славниот празник Св. Патрик кој се прославува во Март. Со многу пабови, клубови, музички сцени, во Даблин има многу што да посетите и да уживате во лимитирано време, така што во прилог денес Ви претставуваме што треба да погледнете и што да правите за Вашиот краток престој во Даблин.
Население: 527,612 илјади жители.
Мотото на градот: "obedientia civium urbis felicitas", што во превод значи "Послушноста на жителите е среќата на градот".
Клима: Лесна, влажна и променлива.
Водич низ Даблин
Пред да пристигнете
Кога се пакувате земете си разноврсна облека, бидејќи Даблин е познат по влажниот воздух и постојаните дождови (токму поради тоа има голема зелена површина)! Доколку живеете во Европа, авиокомпанијата Рајанер е одличен избор и нуди директни летови со Парис, Лондон, Манчестер, Ливерпул, Мадрид и Франкфурт.
Пристигнување
Кога ќе слетате во Даблин имате многубројни начини за да стигнете до градот. The blue Aircoach е најдобрата опција, бидејќи ја има на секои 15 минути која ќе ве одведе до градот или хотелот. Цената е 9 евра по човек. Поефтина опција е автобус, кој само ќе ве одведе до центарот на градот или автбуската станица за 6 евра.
Како да го разгледувате градот
Најдобриот начин за да го истражите Даблин е да пешачите, бидејќи главните атракции на градот се лоцирани во центарот на Даблин. Во градот преовладува рамната површина, па нема да ви претставува проблем да пешачите. Велосипедите се уште една добра опција, па можете да изнајмете велосипед за разгледување на градот.
Што треба да погледнете
Катедралата Св. Патрик

Замокот Даблин
Универзитетот Тринити

Продавницата на Guinness

Музејот Килманхајм

Дестилеријата на Џејмисон
Шопинг
Улицата Графтон е најпопуларната шопинг улица во Даблин преполна со барови, туристи. Останатите се маркетот Лофт и улицата Насау.
Што да јадете и пиете
Со оглед на тоа дека рестораните во Даблин се скапи според европските стандарди, постојат многу ефтини места за јадење во Даблин, особено доколку уживате во храната од пабовите.
Излезете надвор од Даблин
Најдобриот начин да погледнете повеќе од Даблин е да изнајмете автомобил и да тргнете на пат. Неколку дневна прошетка до Хоут, Мет и Виклоу. Имајте во предвид дека потребен Ви е и пасош доколку сакате од отпатувате до Северна Ирска, иако е дек од Велика Британија, таа е не е дел од Европската Унија.