[ФОТО] Место кое ги збунува научниците: Неверојатниот исчезнат град „проголтан“ од природата

Точка

20/05/2025

11:59

1.407

Големина на фонт

а а а

Во срцето на Шри Ланка се наоѓа градот Сигирија (во превод мала карпа), изграден на 180 метри високата Лавовска карпа, на 360 метри надморска височина.

Поради неговото софистицирано урбанистичко планирање и денес многумина современи научници му се восхитуваат.


Времето ги лекува сите рани – гласи една позната поговорка. Но, времето води и до заборав на некои работи, вклучувајќи ги и некогаш големите и моќни градови – што во овој случај се покажало како точно.


Имено градот Сигирија бил политички центар на Шри Ланка век и половина, а денес неговите добро сочувани остатоци се популарна туристичка атракција.

Палата на небо

Изграден во 5 век, за време на владеењето на кралот Касјапа, како тврдина во која се наоѓале кралска палата, водни градини, ботанички градини и будистички храм. Како точно ваква градба била изградена на врвот на карпа во време без модерна технологија, останува мистерија, а локалните легенди тврдат дека ја изградиле боговите како „палата на небо“.


Подоцна, ова место било населено од будистички монаси, сè додека и тие не се повлекле, а градот паднал во заборав помеѓу 1155 и 1831 година, за на крајот да биде „проголтан“ од џунглата.



Градот повторно го откриле европските истражувачи на почетокот од 19 век, а историчарите и археолозите неуморно работеле на негово зачувување. Во 1982 година, беше вклучен во листата на УНЕСКО за светско културно наследство, додека во 2009 година беше отворен Музејот Сигирија, кој вклучува три децении археолошки истражувања.


Градот се наоѓа на околу три часа возење од главниот град Коломбо и секој ден е отворен за туристи. По искачувањето по 1.250 скали, кои завршуваат со премин меѓу камени лавовски шепи, посетителите можат да поминат часови истражувајќи го овој фасцинантен споменик на архитектурата и градежништвото на една стара цивилизација.