Овој месец беа претставени голем број на нови паметни телефони, што значи дека е вистинско време за да се направат измени на листата на најдобри паметни телефони на светот.
Се работи за најдобриот паметен телефон на компанијата LG којшто благодарение на премиум дизајнот и отпорноста на вода, може да застане рамо до рамо со поединечни флегшип уреди под логото на Samsung и Apple.
LG G6 може да се пофали со квалитетна двојна камера со којашто апсолутно би биле задоволни, а истото важи и за нешто подолгиот екран од просекот, благодарение на што се прикажуваат повеќе апликации отколку кај стандардните екрани.
Нажалост, овој паметен телефон е придвижуван од нешто постар процесор – Snapdragon 821, поради што тој и останал без некоја од подобрите позиции на оваа листа.
OnePlus 5 е еден од најдобрите Android телефони коишто поседуваат елегантен и едноставен дизајн, во комбинација со извонредни перформанси, одлична камера и исклучително прифатлива цена. И иако има пошироки рабови околу екранот коишто прават тој да изгледа помалку застарено, тоа на многумина нема да им пречи си оглед на фактот дека овој уред е за цели 150 долари поевтин од телефоните со потенки рабови, како на пример LG G6 или Galaxy S8.
Samsung Galaxy S8 моментално поседува најдобар дизајн на пазарот за паметни телефони, подобар дури и од iPhone 8 и Note 8 уредите. Закривеното стакло на предната и задната страна на телефонот прават да изгледа значајно поелегантно во однос на неговиот претходник – Galaxy S7, а ултра-тенките рабови го означуваат новиот визуелен стандард кога станува збор за луксузните премиум уреди.
А освен изгледот, Galaxy S8 изобилува со грст од нови функции, вклучувајќи и отпорност на вода, подолг екран во однос на просекот, што овозможува подобар преглед на содржините, брзо полнење, препознавање на лица, препознавање на отпечатоци на прсти, најдобра камера во својата класа како и сокриен Home тастер.
Сега веќе минатогодишниот модел чини 550 долари, што прави да биде значајно поповолен во однос на Galaxy S8 (679 долари). Како и секој друг iPhone, овој уред претставува подобра опција за купување од еден Android уред поради подобрите апликации и најдобриот екосистем. А кога е се спомене екосистем, се мисли на достапните апликации, корисничката поддршка и достапноста на надградбите.
iPhone 7 исто така е отпорен и на вода, неговата камера прави одлични фотографии, дури и при слаба осветленост, а поседува и исклучително моќен процесор.
За iPhone 7 исто така се разговараше во една од епизодите на Технополис поткастот:
Galaxy S8+ поседува идентични функции како и S8, освен што е незначајно поголем и доаѓа со 6.2-инчен екран. Овој уред се најде пред својот “роднина” само благодарение на односот помеѓу големината на екранот и рабовите. Отприлика има иста големина како и iPhone Plus моделите, со тоа што има многу поголем екран.
Најголем адут на овој телефон е двојната камера, поради која тој има предност пред моделот iPhone 7, а неговата цена од 670 долари прави да биде и значајно попривлечен во однос на Galaxy S8+ којшто чини 720 долари.
iPhone 7 Plus за разлика од обичната “седумка”, обезбедува фотографии со ефект на дополнителна длабочина благодарение на можноста за замаглување на позадината во однос на објектот. Дополнителната пак телефото леќа овозможува 2x оптичко зголемување, што значи дека е возможно двојно да се зголеми објектот, без притоа да се жртвува квалитетот на фотографијата.
Благодарение на својот извонреден дизајн, ултра-тенките рабови, прекрасниот екран, брзото функционирање, двојната камера и фенси функциите со пенкалото, Note 8 е моментално најдобар Samsung телефон во семејството. На овој уред се застапени најдобрите карактеристики на Galaxy S и Note линиите, што претставува комбинација којашто може многу тешко да се победи.
И покрај достапноста на новито Galaxy Note 8 паметен телефон, Google Pixel и Pixel XL и понатаму котираат исклучително високо на листата на најдобри мобилни Android уреди. Имаат одлични перформанси и фантастични камери, а на третото место успеаа да дојдат откако беа претставени новите iPhone модели, коишто поседуваат подобри спецификации, функции, но и подобар дизајн.
Во последните неколку месеци, Pixel и Pixel XL телефоните важеа за најдобри паметни телефони достапни на пазарот. Но сега, кога се веќе претставени новите iPhone модели, тоа повеќе и не е така.
Овој уред доаѓа со елегантно куќиште изработено од метал и стакло, исклучително квалитетна камера и одлични перформанси. Исто така, има опција и за бежично и брзо полнење – две нешта коишто недостасуваа кај неговиот претходник, а коишто со години наназад се присутни кај Android уредите.
Исто така, исто како и кај Android телефоните, отпорен е на вода.
Па што е тоа што го прави толку уникатен?
Се работи за iOS и Apple екосистемот. Ќе ги добивате сите надградби во оној момент кога ќе бидат објавени, а апликациите за iOS и генерално имаат подобар дизајн.
Овој мобилен уред ги содржи најдобрите карактеристики на моделот iPhone 8, но исто така има и подобар и поквалитетен екран, двојна камера и неколку дополнителни трикови “во својот ракав”, како што е оптичкото зумирање, додавањето на длабочина на фотографиите и уште многу други нешта.
iPhone 8 Plus моментално важи за најдобар паметен телефон којшто може да си го купите, а еднаш кога iPhone X ќе се појави на пазарот, тој веднаш ќе ја преземе неговата улога...