Многу малку луѓето ги разликуваат зимзелените декоративни садници. За нив повеќето се или Туи, Елки или Чемпреси. Но тие се многу, имаат различни имиња, различни карактеристики.
Сите убави, но посебни во поглед на условите за одржување, просторот кој им е потребен, за да растат раскошно и да бидат вистинска декорација во дворот. Некои од нив се соодветни да се одгледуваат и во саксии на тераса.
Со цел да едуцира, и подобро Ве запознае со видовите зимзелени декоративни садници Градинарскиот центар ФОЈА Ви го претставува каталогот на земјишни покривачи од родот на смреки и ниски четинари, каде има фотографија и кратки корисни информации за секое поединечно растение.
Истите може да се најдат во ФОЈА, каде можете да добиете и дополнителни информации. Гарден центарот се наоѓа на Бул. Борис Трајковски бр. 152 А (поранешна Првомајска) тел. 277 20 46; 078 362 097.
Видови погодни како земјишни покривачи од родот на смреки (Juniperus sp.)
Тука спаѓаат најразлични видови на смреки Juniperus sp. со широк асортиман на вариетети кои се многу отпорни и флексибилни. Растат и на прилично сиромашни почви, а исто така може успешно да се одгледуваат и во саксии или жардињери. Отпорни се на прашина и аерозагадување. Сакаат сончеви позиции, а исклучително добро поднесуваат мраз и ниски зимски температури.
Добро поднесуваат орежување и кроење на гранките, кое воедно позитивно влијае на згуснување на крошната. Најчесто се користат во групации; успешно се развиваат на стрмни падини каде што воедно спречуваат ерозивни процеси; за покривање на несакани детали (хидранти, шахти и др.) Полегнатите форми се корисат како земјишни покривачи, за покривање на поголеми или помали површини, а може да се садат и на потпорни ѕидови. Особено се ефективни за помали камени градини и алпинетуми.
1. Juniperus horizontalis “Lime Glow”

Вид на Смрека со исклучително компактен раст и ниска жбунесто- полегната форма. Иглиците се меки имаат цитрусно жолто-зелена боја преку целата година, а во текот на зимските месеци добиваат бронзено- бакарни нијанси. Многу бавно расте. Достигнува максимални димензии 50-60 cm во висина, ширина до 1 m. до Совршен за мали градини и алпинетуми.
2. Juniperus horizontalis “Blue Chip”

Хоризонтално полегната смрека со убава сребренасто-сина боја на игличките. Расте најмногу до 30 cm во висина, додека во дијаметар може да достигне повеќе од 1 m. Сака сончеви позиции. Прави исклучително густ покривач и се користи за покривање на површини за камени градини и алпинетуми. Може да се одгледува и во жардињери на балкони.
3. Juniperus horizontalis “Andora compacta”

Зимзелена грмушка со компактен хабитус и густи, збиени гранки кои полегнуваат хоризонтално. Иглиците во основата на гранките се зеленкасто-сиви, а на врвовите се жолти. Има тенденција да расте како ниска грмушка. Доколку се остави да расте во слободна форма може да достигне дијаметар до 1.5 m, а висина од околу 40 cm.
4. Juniperus horizontalis “Prince of Wales”

Многу популарна форма на полегната смрека со густи, зелени иглици. Во текот на зимските месеци иглиците добиваат кафени нијанси. Достигнува ширина и до 2 m, а максимална висина од околу 30 cm. Се користи како земјишен покривач или за алпинетуми.
5. Juniperus horizontalis “Wiltonii”

Една од најниските видови на смреки со висина до 10 cm и ширина на растење до 2,5 m. Овој вид има синкасто-сребренести иглици и расте хоризонтално. Тешко поднесува суво тло и треба да се избегне садење на такви места. Одлична за покривање на површини; обединувње на композиции од дрвја и повисоки грмушки; како и за постигнување на ефект на `прелевање` врз потпорни ѕидови.
6. Juniperus horizontalis “Silver Spreader”

Зимзелена, широка, ниско-растечка смрека/грмушка која во слободна форма може да достигне висина од 80-100 cm. Се шири/ полегнува по површината на земјата во пречник од
150-175 cm. Иглиците се со сребреносиво-сина боја. Бавно расте. Се користи како покривач на земјата или се сади масовно за хоризонтално пополнување на просторот. Може да се крои. Одговара на сите типови почва, на полно сонце или делумна сенка. Толерира суша.
7. Juniperus horizontalis “Emerald Spreader”

Смрека со темно маслинесто зелена боја. Во слободна форма расте како ниска компактна грмушка, достигнувајќи висина до 50/60 cm. Поднесува кроење.
8. Juniperus sabina “Variegata”

Овој вариетет наликува на `шатирана смрека` има карактеристични темнозелени иглици прошарани со златно-жолти нијанси низ гранките. Може да израсне во висина до 30-60 cm, во ширина до 1 m. Му одговараат полусенковити и сончеви позиции. Погодна за одгледување во саксии.
9. Juniperus sabina “Tamariscifolia”

Брзорастежна полегната грмушка со висина од 1 до 1,5 m. Може да достигне до 3 m во дијаметар. Иглиците се со темно зелена боја. Во зима добиваат бронзено кафена нијанса.
Отпорен на суша.
10. Juniperus davurica “Expansa Variegata”

Ниска, густа, полегната смрека која се користи како растителен покривач во групи. Зелените иглички се прошарани со бели. Делува `живо, весело,` го привлекува погледот. Посебно е атрактивен деколку е посаден во група или бордура. Може да достигне дијаметар до 1,5 m и висина до 30 cm. Расте на сите видови почви, сака полусенковити или сончеви места. Може да се крои.
11. Juniperus procumbens “Nana”

Ниска, полегната смрека со потекло од Јапонија. Има светлозелена боја и исклучително компактен раст. Многу бавно расте и може да достигне до 20 cm во висина и 0,8 m во дијаметар. Многу атрактивна за садење над преградни и потпорни ѕидови. Незаменлива во камени градини и алпинетуми. Може да се одгледува и во саксии и жардињери.
12. Juniperus procumbens “Avasi”

Бавно растечка смрека, потекнува од Јапонија. Има зелена боја на иглици. Може да достигне дијаметар од 1,5 m и висина од 30 cm. Расте на сите видови почви. Погодна за кроење. Се користи како покривач на земјата и се сади поединечно или во групи.
13. Juniperus squamata “Blue Star”

Зимзелена џуџеста грмушка, со компактна топчеста крошна. Има густи, светли сребренесто-сини иглици со ѕвездест изглед по што го добила и името. Има бавен раст и достигнува максимални димензии 30-50 сm во дијаметар. Многу декоративен вид за мали градини и алпинуми. Може да се одгледува и во саксии.
14. Juniperus media “Old Gold”

Брзорастечки покривач, кој се одликува со изразито златно-жолти иглици. Расте до 2 m во дијаметар, висина 0,5 m. Сака сончеви експозиции. Се користи како земјишен покривач; се сади поединечно или во групи. Неговата боја на старо злато го прави многу атрактивен вид за одгледување во камени градини и алпинетуми.
Ниски четинари
Тука спаѓаат многу популарни зимзелени дрвја и грмушки со висина од 0,3/ 5m, кои со својот изглед и убавина даваат посебен белег во просторот. Нивната декоративност се гледа во најразличните бои и форми (жбунести, полегнати, округли, купести, пирамидални). Тие не се премногу тешки за одржување и нега, што ја олеснува можноста за нивна употреба за озеленување и декорација на јавни места, дворови или градини. Можат да се кројат и обликуваат по желба. Голем дел од нив се користат и како ниска жива ограда; се садат поединечно или како масиви (групи). Многу се ефектни за помали градини, камењари, алпинетуми и фонтани. Одлично се комбинираат со останатото зеленило и даваат траен украс преку целата година.
1. Chamaecyparis lawsoniana “Globus”

Четинар со топчест облик, синкасто- сива боја на иглици. Расте релативно бавно до 1,5 m во дијаметар и висина 2,5-3 m за период од 10 години. Добро поднесува високи температури и суша. Погоден за индивидуално садење, како и во групи со растенија со средна висина. Може да се користи и како ниска жива ограда, како и да се одгледува во саксија. Му одговараат полусенковити и сончеви експозиции. Може да се крои.
2. Chamaecyparis pisifera “Boulevard”

Сребренест четинар со жбунесто- пирамидален хабитус. Бавно расте и може да достигне максимална висина до 2 m. Иглиците се густи и меки со сребренасто-сина боја. Осетлив е на суша и јако сонце. Му одговараат полусенковити станишта, заштитени од силни ветрови и пропуслива, растресита почва. Погоден за кроење. Може да се сади поединечно или во групи, а одличен е и за одгледување во саксии и жардињери.
3. Picea glauca “Conica”

Исклучително декоративен вариетет на смрча која многу бавно расте (за десет години достигнува висина 1,5-1,8 m, а ширина 0,6 m). Има исклучително густа, непробојна и компактна конусовидна крошна и куси, меки светлозелени иглици кои се ѕвездесто распоредени. Сака сончеви експозиции. Поради бавниот раст може да се одгледува и во саксии и жардињери на балкони. Најубаво изгледа во мали камени градини и алпинетуми.
4. Picea pungens “Glauca” – сребрена смрча

Сребренаста смрча која има карактеристични сини иглици претставува еден од најпознатите декоративни вариетети на родот Picea. Декоративноста ја даваат бојата, густината на крошната и изгледот. Густите гранки кои се шират во сите правци и достигнуваат ниско дури до земјата, се покриени со тврди, боцливи сиво-сини иглици. Бавно расте, за
десет години достигнува висина 3-5 m. Сака сончеви позиции. Може да се сади поединечно или во групи, на места кои треба да бидат акцентирани, како и во комбинација со други растенија кои имаат потемна боја на крошна.
5. Pinus mugo

Четинар кој расте како густа, компактна грмушка со димензии од 50 cm - 1,5 m. Овој џуџест бор многу бавно расте и има компактен, жбунест изглед со густи, темнозелени иглици. Гранките на краевите се накривени нагоре. Има мали кафени шишарки. Многу издржлив и лесен вид за одгледување, кој успева и на суви подлоги. Може да се сади поединечно или во групи; како ниска бордура или граница за одделување на одреден простор; на карпести терени; камењари и алпинетуми. Успешно се одгледува и во саксии.
6. Taxus baccata “Fastigiata”

Овој вид има густа, вертикално исправена цилиндрична форма со темнозелени иглици. Бавно расте. Може да изразне до 3 m висина. Добро поднесува кроење. Успева и на места каде што е целосна сенка. Погодна како солитерно дрво. Поради бавниот раст и прибраниот хабитус, наоѓа место и во помали градини и алпинетуми.
7. Taxus baccata “Fastigiata Aurea”

Поради компактниот раст, вретенеста форма и светло-жолтата боја на иглици – се смета за редок и декоративен вариетет. Бавно расте и за 10 години може да достигне висина до 2 m и ширина 0,4 m. И одговараат полусенковити и сончеви експозиции.
8. Taxus baccata “Repandens”

Полегната тиса со темнозелена боја на иглици. Споро расте и достигнува околу
50-60 cm во висина и 2-3 m во ширина. Сака полусенковити и сенковити експозиции. Може да се користи како земјишен покривач или во групи.
9. Picea abies – смрча

Обичната смрча има пирамидална крошна и зелена боја на иглици. Има умерен раст и достигнува димензии 3-5 m висина. Сака влажни услови, особено почвени. Има плиток, тањирест коренов систем, кој може да биде подложен на снегоизвали. Најчесто се одгледува во дворовите како Новогодишно дрво.
10. Juniperus scopolorum “Blue Arow”

Вариетет на смрека со синкасто- зелени иглици. Има високо, тенко стебло. Главните гранки се насочени вертикално нагоре, поради што добива тесно-пирамидален облик на стрела.
Го задржува таквиот изглед и без кроење. Може да израсне до 5-6 m висина, ширина до 60 cm. Сака сончеви експозиции. Доста сушоотпорен вид. Најчесто се сади како солитер. Совршена за мали градини и алпинетуми.
Вариетети од родот туја (Thuja sp.)
Тука спаѓаат многу отпорни и скромни вариетети во поглед на барањата, како основниот вид, така и сите нивни сорти. Одлично толерираат суша и се прилагодуваат на било какво земјиште и различни типови почви, дури и солени. Подеднакво добро успеваат и на сончеви позиции и во сенка. Чад, прашина и ситни честички не им смеаат, што ги прави многу отпорни на аерозагадување и идеални за одгледување во градски средини.
Одлично поднесуваат орежување и кроење, така што мошне лесно им се одржува природниот изглед на крошната, а исто така може лесно да формираат исклучително убава и густа жива ограда, или најразлични кроени (топијарени форми: спирали). Одлично се развиваат и во саксии и жардињери.
1. Thuja occidentalis “Smaragd”

Една од најпознатите и најчесто застапените видови на туји со пирамидален облик и убава смарагдно- зелена боја. Има умерен раст: расте 3-4 m во првите 10 години. Може да достигне димензии 5-6 m висина и 0,6-1 m ширина. Исклучително отпорна, успева на сите типови на почви. Се користи како жива ограда; како поединечно дрво; во групи; а се одгледува и во саксии или жардињери. Погодна е за кроење и лесно може да се прават топијарени форми. Гранките се силни и еластични, па често наоѓа примена во жива ограда, бидејќи е отпорна на снег и не доаѓа до деформитет во текот на зимата.
2. Thuja occidentalis “Smaragd Aurea”

Туја со пирамидален облик, расте до 3 m висина. Има убава смарагдно- златна боја на иглиците кои се плоснати. Претпочита сончеви експозиции. Погодна за одгледување во саксии или жардињери на балкони; поединечно садење или во груп; како и за живи огради. Може да се крои и од неа да се прават топијарени форми.
3. Thuja occidentalis “Danica”

Мала, топчеста туја со компактен изглед и светлозелена боја. Достигнува максимални димензии до 60 cm во висина и дијаметар. Многу погодна за одгледување во саксии и жардињери, како и за мали градини, камењари и алпинетуми. Често се користи за садење во редови покрај патеки.
4. Thuja occidentalis “Tiny tim”

Џуџеста туја со плоснати иглици кои имаат темнозелена боја. За 10 години нарастува до 60 cm во дијаметар и висина. Одличен избор за мали градини, алпинетуми, цветни бордури. Идеална за поединечно садење или во групи/ редови.
5. Thuja occidentalis “Teddy”

Џуџеста туја со компактен изглед и топчеста форма и густи, нежни ѕвездести иглици со темнозелена боја. Во текот на зимските месеци добива кафено-бакарни нијанси. Достигнува максимална големина до 50 cm. Многу декоративен примерок за мали камени градини и алпинетуми. Одлично успева во саксии и жардињери. Толерира сенка. Се сади на места заклонети од силно сонце и зимски мразеви.
6. Thuja occidentalis “Rheingold”

Округло-конусна форма на туја која се истакнува со златно-жолтата боја на иглици. Во зима добива бакарни нијанси. Единствена туја која за секое годишно време има посебна боја: од флуросцентно зелена во рана пролет која полека преминува во светло- златна, до боја на старо злато во есен и зима. Може да достигне максимална висина од 1,5 m и ширина до 2 m. Има скромни барања, поднесува и полусенка. Не може да поднесе летна суша.
Се користи како поединечна декоративна грмушка; при групно садење за ниска жива ограда – бордура; или во комбинација со други ниски четинари; во цветни и камени градини; успешно се одгледува и во саксии.
7. Thuja occidentalis “Mirjam”

Џуџеста туја со топчест облик и впечатливи златно-жолти иглици. Има бавен раст: за десет години достигнува димензии 30-40 cm во дијаметар. Во текот на зимските месеци добива бронзено-портокалови нијанси. Одличен избор за мали камени градини и алпинетуми. Може да се одгледува во саксии и жардињери на балкони.
8. Thuja orientalis “Aurea Nana”

Мала туја со бавен раст, која едвај достигнува висина од 1 m, а ширина 0,5-0,8 m. Има јајцевидно-топчест облик со гранки усмерени вертикално нагоре кои имаат златно-жолта боја. Во зима добива темно-бронзени нијанси. Сака сончеви експозиции. Многу убаво изгледа во мали камени градини, камењари и алпинетуми. Може да се одгледува во саксии и жардињери.
9. Thuja spiralis “Henecia”

Ниска туја со исправена конусовидно- пирамидална прибрана крошна и спирално наредени гранки. Има бавен раст: за десет години достигнува димензии 90 cm-1,8 m во висина. Послабо толерантна на сушни услови. Се сади поединечно или во групи.