Оригиналната „милфица”: Како изгледа денес мајката на Стифлер од „Американска пита”?

Точка

13/01/2016

22:38

22.479

Големина на фонт

а а а

Можеби нема да ви се верува, но мајката на Стифлер и ден денес изгледа идентично како пред речиси 20 години – како да не остарела ниту еден ден оттогаш.

Џенифер Кулиџ, позната како оригиналната „MILF-ица”, се чини како воопшто да не остарела во изминатите две децении колку што поминаа од првиот филм на комедијата „Американска пита“.


Назад во 1999 година, оваа тинејџерска комедија ја врати идејата дека возраста не е ништо друго, туку само обичен број. И додека филмот ни ги прикажа актерите Џејсон Бигс како „штребер“, Мена Сувари како американска принцеза и неодоливиот шармер Шон Вилијам Скот во класичните „мејнстрим“ улоги, бујната русокоса беше онаа што ги наведе средношколците да фантазираат за сите работи кои би можеле да ги прават со жена која е двојно постара од нив, пишува „Daily Star”.



Фаталната заводничка – мајката на Стифлер, која на крајот го „одвлечка“ во кревет пријателот на нејзиниот син.


Кулиџ, која денес има 54 години, продолжи да глуми во други холивудски филмови после „Американска пита“, како филмовите „Легална русокоса“, „Приказна за пепелашка“ и многу други.


Фановите на популарната серија „Очајни домаќинки“ ќе бидат изненадени кога ќе дознаат дека Кулиџ, која - исто така се појави во сериите „Сексот и градот“ и „Пријатели“ - конкурирала за улогата на Линет Скаво, која на крајот отишла во рацете на Фелисити Хофман.


Оваа поранешна келнерка вели дека била дефинирана од улогата која ја прослави, откривајќи: „После улогата на мајката на Стифлер, би рекла дека 90 отсто од сценаријата кои ми тропнаа на врата беа за жени кои имале многу пластични операции или кои се омажени за богати мажи – некој вид на ’трофеј жени’“.


Џенифер Кулиџ открила за „The Guardian” дека после фимот навистина се забавувала со многу помлади мажи. „Да, после филмот се забавував со доста помлади мажи, и тоа во следните 10, 15 години“.