Нема да ви се верува колку години има оваа жена...

Точка

07/01/2016

14:51

23.616

Големина на фонт

а а а

Дали би поверувале дека таа има четириесет и осум години? Не, ако судите според нејзиниот изглед...


Лаура Гордон од Северна Каролина има 48 години, но сите мислат дека има барем двојно помалку. Тајната на нејзиниот младешки изглед всушност е едноставна – здрава исхрана и многу напорни тренинзи.


„Никогаш не сум се занимавала со фитнес, не сум модел и никогаш не сум се занимавала професионално со слична работа. Јас сум агент за недвижности, а вежбањето го третирам како моја втора работа. Тешка е и воопшто не ја сакам, но платата е фантастична – здравје и фактот дека сум фит“, објаснува Лаура, која денес на Инстаграм има повеќе од 470.000 следбеници, пишува Daily Mail.


Лаура нема деца, а признава дека нејзиниот сопруг се грижи поради толку големиот број на следбеници кои ги има на Инстаграм, каде што е вистинска ѕвезда.



„Моите пријатели и роднини редовно ми велат дека имам среќа што изгледам толку добро, но среќата нема врска со тоа што изгледам вака. Ве молам, немојте да ме нарекувате среќничка поради тоа што секојдневно поднесувам откажувања за кои вие не сте подготвени“, вели Лаура која тврди дека не пие никакви суплементи.