Вистинска „опсада“ на италијанскиот остров: „Неподносливо е, на секои 3 часа станува подраматично“

Точка

04/06/2025

16:36

4.498

Големина на фонт

а а а

Според италијанските медиуми, островот Капри е најгустото место во земјата, каде што секојдневно пристигнуваат околу 50.000 луѓе.

Според локалните медиуми, она што се случува на Капри на почетокот од летната сезона може да се опише со еден збор: опсада. Во последниве години, бројот на туристи таму се зголемил за 24 отсто, достигнувајќи три милиони годишно. Забележано е дека на секои три часа на островот во Неаполскиот залив пристигнуваат 12.000 луѓе.


Капри се бори против масовниот туризам

Пресметано е дека 91% од туристите доаѓаат таму само за неколку часа и нивното присуство предизвикува хаос и редици насекаде. Капри има најголема густина на туристи во Италија.


Таа изнесува над 1.200 луѓе на квадратен километар, повеќе отколку во Рим, Фиренца или дури и Венеција. Дозволениот праг треба да биде не повеќе од 1.000 луѓе, и тоа за копно, а не за остров со толку разновидна структура.


„Ситуацијата стана неподнослива и секоја година станува сè подраматична“, предупреди локалниот дневен весник и истакна дека бројот на туристи насекаде далеку го надминува капацитетот на островот, а повеќе не е можно нормално да се оди поради метежот.


Градоначалникот на Капри, Паоло Фалко, веќе неколку години се обидува да се справи со феноменот на прекумерен туризам. Исто така тој ѝ се обрати и на министерката задолжена за овој сектор, Даниела Сантанче, но засега нема никакви резултати. Најави дека ќе разговара и со министерката за внатрешни работи бидејќи, како што објасни, јавната безбедност е загрозена.