Познат кардиолог открива трик што ќе ви помогне да имате уште поголема корист од кафето.
Кафето има бројни здравствени придобивки. Повеќето од овие позитивни ефекти доаѓаат „благодарение на високата содржина на кофеин, психоактивна или психостимулативна супстанција што може да влијае на различни процеси и функции, како на когнитивните, така и на физичките – вели познатиот кардиолог д-р Аурелио Рохас.
Постојат и други важни ефекти. Долгорочните студии покажуваат дека редовното консумирање кафе е поврзано со подолг животен век.
Меѓутоа, повеќето луѓе не пијат кафе поради неговите здравствени придобивки, туку затоа што им помага да се разбудат наутро или кога нивото на енергија им опаѓа во текот на денот. Тоа е затоа што кафето се смета за метаболички активатор кој делува слично (со одредени ограничувања) како познатите невротрансмитери како допамин и адреналин.
Познат кардиолошки трик
Кофеинот во кафето е многу моќна супстанција, но за некои луѓе ниту тоа не е доволно, па тие бараат дополнителни начини да добијат уште повеќе енергија. За таквите луѓе, д-р Аурелио Рохас, кардиолог во Регионалната универзитетска болница во Малага, предлага трик: додајте 100 отсто чисто какао во прав во природното кафе.
Ова обезбедува дополнителна доза на кофеин, бидејќи какаото исто така содржи кофеин. Меѓутоа, „количината на кофеин во какаото зависи од видот и количината на консумираното какао или чоколадо“. На пример, „една коцка чисто темно чоколадо може да содржи до 20 милиграми кофеин“.
Тоа не е сè. Според зборовите на кардиологот, придобивките од додавање на 100 отсто какао во прав во кафето се следниве:
• Дава дополнителна енергија;
• Го зголемува чувството на ситост;
• Ја намалува потребата за внес на шеќер во текот на денот;
• Има противвоспалително дејство на срцето и крвните садови;
• Го стимулира производството на матични клетки;
• Го зајакнува имунолошки систем.