Михаел Шумахер е роден три дена по почетокот на 1969 година во Хурт, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Многумина го сметаат за еден од најдбрите и често се согласуваат дека е еден од „најнечистите“ возачи во спортот, но статистиката е едногласна, Михаел Шумахер е најуспешниот возач на сите времиња.
Една работа го водеше Михаел во неговата кариера...успех, успех и само успех...по секоја цена. И покрај се што има постигнато, често знае дека каже дека никогаш немал чувство дека токму тој е најдобриот, тоа мото „го вози“ целата своја кариера и прави да освои се. Речиси и да нема статистичка категорија каде името на Шуми не е во топ 10, најмногу титули (7), најмногу победи (91), најмногу најбрзи кругови (77), најмногу пол позиции (68), најмногу победи во сезона (13)… доволно?
Познат како возач кој има способност подолг временски период да вози брзи кругови во клучни моменти во трката, кога „се крши“ резултатот. „Мајсторството“ на возачот многу добро се мери и преку неговото снаоѓање во трки на дожд, а прекарот „дождовниот човек“ кажува се. Човекот кој буквално ја воведе физичката спремност во спортот.
„Сакав секогаш да бидам 150-200% спремен поради неизвесностите кои ги носи секоја трка“.
“Пред-Шумахер-ерата“ е период на Ф1 во Германија кога спортот се третира несериозно, а по неговото пензионирање во 2006 година, три од Топ 10 возачите беа германци, а Себастијан Фетел многупати знае да изјави дека Шуми е причината поради која се трка. По неговото деби во Спа, Белгија, секоја година доаѓаат 25.000 германци повеќе отколку претходно.

Важи за возач кој најмалку сакаш да го имаш пред себе, затоа што Михаел едноставно не сака и не дозволуваа да биде претекнат. Легендарни се изјавите на Ф1 коментаторите по победите на Михаел дека единствено тој кога ќе ја извади кацигата на лицето нема замор, а неговата „фризура“ сè уште е како пред почетокот на трката.
„Роден сум да се тркам, роден сум да се натпреварувам“.
Почетоците - Михаел Шумахер е роден во сиромашно семејство, како прво дете на Елизабет и Ролф кој работел како градежник. Второто дете на Елизабет и Ролф, Ралф Шумахер, исто така стигне до Формула 1, но неговата кариера е неспоредлива со таа на постариот брат.
Вештите раце на Ролф вградиле мотор во картинг на педали и тоа бил првиот допир на малиот Михаел со моторно возило и тркање. Но, неговото прво „точаче со мотор“ имало краток век затоа што агресивноста довела до „судир со бандера“. Загрижени за безбедност на своето дете, неговите родители го однеле во најблискиот картинг клуб (Kerpen-Horrem) каде Михаел бил најмлад член, а откако го добил првиот свој картинг, повторно од тато Ролф, овојпат склопен од делови од отпад, на само 6-годишна возраст, тој станал шампион во својот клуб.
Талентот и љубовта на своето првороденче ја увиделе и Елизабет и Ролф, татко му почнал втора работа поправајќи и изнајмувајќи картинзи, додека мајка му се вработила во кантината покрај патеката.

За да не чека да наполни 14 години како законска основа за добивање картинг дозвола во Германија, тој својата ја земал во Луксембург две години порано, во својата 12-та година. Но сето тоа било само поради преголемата љубов кон спортот, страшната компетитивност и „болеста“ по успех и натпревар. Во 1983-та година ја добил и својата Германска дозвола, откако година претходно ги растурил своите постари врсници. До 1988 година освојува германски и европски шампионати во картинг, а работи и како механичар.

Таа 1988-ма година го надраснува картингот и има прво искуство во трки во вистински едносед болиди со отворени тркала. Учествува во германските Формула Форд и Формула Кониг, постанувајќи шампион во втората.

Во 1989 година, неговиот талент го забележува Вили Вебер и го зема во својот Формула 3 тим каде ја освојува титулата во 1990-та година.

Но, во Формула три останува кратко. Заедно со своите најголеми ривали од таа серија, Хајнц Харлд Френцен и Карл Вендлингер, се придружува на програмата на Мерцедес за млади возачи во Светското првенство на прототипови. За разлика од неговите врсници кои својата цел, Формула 1, „ја бркаа“ преку Формула 3000, Шумахер го слуша советот од Вили Вебер дека професионални прес-конференции и долги трки со моќни возила ќе му помогнат во кариерата. Својата прва сезона ја крунисува со победа на последната трка во Мексико и завршува 5-ти во генералниот поредок иако бележи настап само на три од можните девет трки.
И следната година се натпреварува во истата серија, повторно победува на последната трка, овојпат во Јапонија за истиот тим, но со различен автомобил Заубер Мерцедес Ц291. Истата сезона, се натпреварува и на трката 24 часа Ле Ман, и завршува петти со својот Заубер Мерцедес Ц11. Во 1991 година учествува на една трка во Формула 3000, трката во Јапонија и завршува на второ место.
Првите негови контроверзии започнуваат во 1991 година во шампионатот за протитипови. Накратко, откако неговиот летечки круг беше ненамерно попречен од болид кој беше на бавен круг, Шуми не остана должен, намерно удри во возилото на Дерек Варвик, по што настана општ хаос во гаражите.
1991 - влез во Формула 1 - Еден од најголемите плејбои во Формула 1, сопственикот на тимот на Џордан, Еди Џордан е човекот кој прв му даде шанса на Михаел во најпрестижната тркачка класа. Откако пред Белгиското ГП во Спа, еден од возачите на Џордан, Бертранд Гашо, беше уапсен и „заглави“ во затвор, Еди мораше да најде замена, клубски колега за Андреа де Чезарис.
Тогаш на сцена стапи Вили Вебер, кој договори Мерцедес да му плати 150.000 долари на Џордан за да Михаел добие место, макар на една трка во Формула 1, откако претходно го убеди Џордан дека Михаел многу добро ја познава патеката. Шуми дотогаш немаше возено на СПА, бил само гледач поради тоа што патеката се наоѓа на само 130 км од неговиот роден крај. Михаел не остана должен и веќе на првите тестови на болидот ги импресионираше инженерите на Џордан Форд. 25 август 1991 година во Белгија е дебито на најголемиот меѓу најголемите.

Де Чезарис имаше за задача да го запознае „гуштерот“ со Џордан Форд-от кој ќе го вози и да му ја покаже патеката, но тој се задржа на преговори за својот договор. На Михаел тоа не му пречеше и почна да ја обиколува стазата со својот велосипед. Резултат? Шумахер ги завршува квалификациите како седми, најдобар пласман за тимот таа година, а ветеранот со 11-годишно Ф1 искуство е послаб од него во идентичен болид. Трката ја завршува неславно, со откажување во првиот круг, но не по негова вина - туку поради проблеми со квачилото.
1992 - прва победа - 1992 година е прва која Михаел ја почна од првата трка. Заубер со поддршка на Мерцедес влегува во “најбрзиот циркус“ оваа година и веднаш се повикуваат на клаузула во договорот на Шуми која вели дека доколку Мерцедес влезе во Ф1 - германецот е нивен. Но, Бенетон и Заубер се договараат Михаел да остане кај италијанците, притоа почитувајќи ја неговата желба. Следуваат два многу значајни јубилеја оваа година:
- 22 март 1992 година, светот ќе го види тоа што ќе се повтори 155 пати во следните 24 години, Михаел Шумахер на подиумот. Големата награда на Мексико и освоеното трето место е прво искачување на пиедесталот за него и
- 30 август 1992 година, светот ќе го види тоа што ќе се повтори 91 пат во следните 24 години, Михаел Шумахер победува во Спа, токму таму кадешто ја почна својата блескава кариера, неговата омилена патека.

Својата прва целосна сезона ја завршува на третото место во генералниот пласман, само три поени зад Рикардо Патрезе, а заедно со Мартин Брандл го искачуваат Бенетон Форд скалило погоре во споредба со претходната сезона.
Стагнација - Следната година Шуми повторно со една победа, во Португалија, 9 пати се искачуваше на подиумот, но и 6 откажувања со недокажаниот Бенетон Форд, за 4-то место во конкуренција на возачи, но и 32 поени пред својот тимски колега Рикардо Патрезе.
1994 - „Војна“ со Хил и прва титула - Следува првата шампионска титула во година која нема да биде запамтена по добро. Сезона 1994 е позната по смртта на Роланд Раценберг и Аиртон Сена на патеката во Сан Марино, а Шумахер е зад Сена во моментите кога тој излетува директно во оградата, излетување што бразилецот ќе го чини живот.
Сезона со 8 победи (од кои шест во првите седум трки) и две втори места, но и две дисквалификации поради технички неправилности на болидот. Шуми е казнет поради нелегален софтвер за совршен старт (launch control), а поради игнорирање на црно знаме во Силверстоун е дисквалификуван и суспендиран на две трки. Втората дисквалификација е во „неговата“ Белгија поради недозволено тенок под на болидот.

Овие две „нула трки“ го донесоа Дејмон Хил на само поен заостаток, па така титулата се решаваше на тогаш последната трка во Аделаид, Австралија. Шумахер “промаши“ кривина, но се обиде да се врати на стазата во момент кога Хил го претекнуваше, следуваше судар и контроверзна титула за германецот. Сепак Бенетон губи во борбата кај конструкторите.
1995 - Доминација, одбрана на титулата и легендарната СПА - Успешна одбрана на титулата следуваше зачинета со 9 победи од вкупно 11 подиуми и целосна доминација на крајот и предност од 33 поени во година кога исто како и својот најголем конкурент, Дејмон Хил, возеше “машина“ на Рено. Впечатливи беа и квалификациите во Белгија кои ги заврши како 16-ти за да напредува и победи во самата трка. Спа во 1995 година Шуми ја споменува како своја совршена трка. Оваа година тој го донесе најсјајното одличје и во конкуренција на конструктори бидејќи имаше помош и од Џони Херберт. Тоа беше одлична година бидејќи германецот стана најмлад двократен првак, а Бенетон ја прослави својата прва титула.
Но, контроверзите со Хил не изостанаа и оваа годинаа. Нивната меѓусебна борба многу често беше на работ на дозволеното. Се судрија првиот пат во Силверстоун, а вториот пат во Монца.
1996 - Трансфер на векот, Ферари - Следуваше една од најправилните и најголеми одлуки во кариерата на Михаел Шумахер, трансфер во Ферари, тим со огромна традиција, но без возачка титула 17 години, а без одличје кај конструкторите 13 години. “Трансферот на векот“ го чинеше Маранело 60 милиони долари на име на плата за две години. Веќе следната година италијанците го донесоа “пола Бенетон“ откако во своите редови ги регрутираа главниот дизајнер Рори Брн и техничкиот директор Рос Браун, а со “црното коњче“ веќе командуваше страшно посветениот Жан Тод. Со тоа се формира квартетот кој ќе испише невидена доминација, историја тешка 11 титули.
Почетоците беа тешки времиња за Ферари кој не можеше да ја преболи промената од В12 моторите, кои “традиционално ги владееше“ на помалите и поштедливи В10-ки. Исто така, тимот беше крајно неорганизиран во тоа време, а неговиоте механичари во боксот беа за потсмев и шега.
Со доаѓањето на Шумахер, Ферари се прероди. “Месијата“ во својата прва година во Маранело имаше три победи, повеќе отколку сите победи на Скудерија во претходните пет години. Иако “на душа“ на Ферари одат 6-те незавршени трки, сепак Шумахер стигна до третото место во борбата за индивидуалната титула зад доминантните возачи на Вилијамс Рено (Хил и Вилнев), а успеа да го донесе својот нов тим пред својот стар тим во конкуренција за конструктори (Ферари пред Бенетон).

За одбележување е дождливото Шпанското ГП кога Шумахер успеа да ги помине “сите без двајца“ за цел круг.
„Ова не беше трка, ова беше демонстрација на брилијантност“ - изјави Стерлинг Мос по победата на “дождовниот човек“.
1997 - Дисквалификација, загубена титула и инцидентот со Вилнев - Само една година му беше потребна на Михаел и повторно да се бори за титула, овојпат со подобреното Ф310Б. Иако првиот дел од сезоната му припадна на Вилнев, кон средината на календарот Михаел “се пронајде себе си“ и последнат трка во сезоната, Европското ГП во Херез беше одлучувачко за насловот. По којзнае кој пат гладот за победа беше посилен од се. Ферарито водеше, но следуваа проблеми со ладењето и пад во перформансите. Штом Вилнев се доближи и се обиде да го мине Михаел, се случи инцидент.
ФИА го обвини Михаел за предизвикување на овој инцидент и сите негови освоени поени му беа одземени. Поените на тимот останаа на нивно салдо и италијанците повторно завршија втори во генералниот поредок.
1998 - По Хил и Вилнев ... Хакинен - Конкурентите се менуваа, но Шуми беше вечен. Дојде и 1998 година и тој доби нов ривал за титулата во името на финецот Мика Хакинен. Повторно старата болка на Ферари, слаб старт и силен финиш на сезоната. Михаел имаше 6 победи наспроти 8-те на Хакинен, но трката за титулата беше изедначена.
Монца донесе прв 1-2 финиш за Скудерија по 18 години (претходниот беше во 1990 година). Дека Михаел не може без контраверзии тоа е јасно. Овојпат стартно-целната линија во Силверстоун ја мина низ боксот влегувајќи да отслужи 10 секунди казна.
Следуваше легендарната трка во Белгија кога по водство од 40 секунди “се заби“ во Култард, на кого му беше развеано плаво знаме при очајно слаба видливост. Потоа Шуми “се дотурка“ до боксот на три тркала, но излета од болидот и отиде во гаражата на Мекларен да се пресмета со Култард и притоа го обвини за обид за убиство.
1999 - Најава за историја - Последната година од векот донесе изјава од Рон Денис дека се обидел да го потпише Шуми како замена за Култард, но лукративните спонзорски договори, парите на Ферари и клаузулите од договорот кој го имал Михаел го направиле тоа невозможно.
Сепак 1999 година беше најава за доминацијата која ќе следува и историјата која ќе ја испишат Шумахер и Ферари. Таа година Михаел не настапи на шест трки поради излетувањето во Силверстоун кога по ударот во заштитниот ѕид заработи скршена нога. По враќањето во Малезија, веднаш стигна до пол-позицијата со секунда преднст. На крајот на годината Ферари првпат по 1983 година стана првак кај конструкторите.

2000 - 1/5 - Новиот милениум донесе период кој едноставно може да се нарече доминација на Михаел и Скудерија Ферари со пет возачки и пет конструкторски титули.
Првата од низата, онаа во 2000 година, освоена по целогодишна борба со Хакинен и одличен старт на сезоната за Ферари, но слаб средишен дел што доведе до неизвесен финиш. Легендарната Голема награда на Италија во Монца кога Шуми го изедначи рекордот на својот идол, Аиртон Сена и се расплака на прес-конференцијата беше токму оваа година.
Оваа титула освоена во 2000-та година Шуми ја нарекува најбитна и најпрестижна во својата кариера.
2001 - Доминација, 2/5 - Следната година Шуми ја освои својата 4-та титула со рекордни 9 победи во сезоната и без вистински предизвикувач во борбата за насловот со двојно повеќе поени од второпласираниот Дејвид Култард. Сезона која ќе остане запаметена по братското 1-2, единствено од ваков вид во историјата и по 52-та победа со која се изедначи рекордот на Прост, откако претходната година го помина Сена. Оттука натаму, секоја победа повеќе беше рекорд повеќе.
2002 - Тимски наредби, 11 победи во сезона, 3/5 - Почетокот на 2002 година донесе котроверзи кога “вториот ферарист“ Рубенс Баричело нагло забави пред стартно-целната рамнина и “му пушти“ на Шуми да победи што остава црна дамка врз оваа титула која беше петта, изедначувачка со Фанџо. Подобрување на минатогодишнит рекорд, овојпат 11 победи во една сезона, но откако во Америка Шуми “му ја врати победата“ на Рубенс, пуштајќи го пред себе.
2003 - Падна Фанџо, борба со Мекларен и БМВ, 4/5 - Следната година, нова титула и 5-те титули на Фанџо не се веќе најбројни. Овојпат германецот добро се испоти во борбата со Мекларенот на Кими Раиконен како и двоецот на БМВ, Монтоја - Ралф. Чудна сезона по менувањето на правилото за гуми на средина на истата.
2004 - 13 победи, 5/5 - Последната сезона со круна за Михаел (2004 година) беше и најдоминантна со победени 12 од првите 13 трки во сезоната, вкупно 13 победи и теоретски титула освоена на својата омилена стаза, Спа во Белгија.

2005 - Крај на доминацијата - По пет години, сезона без титула за Михаел по промена на правилата за гумите кои треба да издржуваат цела трка, на барање на група на тимови со цел да се спречи доминацијата на Ферари и Михаел. Тоа и се направи. Михаел имаше само една победа, онаа во Америка, во “трката“ на шест болиди.
2006 - Падна уште еден рекорд на Сена, крај на љубовта со Ферари - 2006 година беше последна во Ферари, емотивна по соборениот рекорд на Сена за број на пол позиции, но повторно Алонсо му ја украде титулата во последните две трки. Монца беше избрана како место каде Ферари објави дека дојде време за збогување и пензија и го испрати својов великан на заслужен одмор во 37-та година од неговиот живот. Контроверзна сезона по “застанувањето“ на Михаел на последниот свиок во тесното Монако со што ја блокираше цела патека.
Последната епизода од кариерата на Шумахер во Ферари, онаа од патеката Интерлагос во Бразил беше опишана како “херојска“ и “издание … како за крај на кариерата“. Старт од 10-то место, напредок до 6-та позиција, дупната гума и враќање на 19-то место и финиш влакно зад подиум, 4-ти.
2007 - 2010 - „пензија“ - Ова е период кога Формула 1 технолошки силно напредна и луѓето почнаа да се прашуваат дали победуваат возачите или болидите. Но, ова најдобро го илустрира Еди Џордан со една своја изјава:
„Најдобриот возач секогаш го добива најдобриот болид, тоа е непишано правило“.
Често запрашуван од новинарите околу крајот на кариерата, Михаел изјавуваше: „Доживувам чисто и силно задоволсво кога се тркам, затоа не можев да замислам кога да се пензионирам“.
Но, неколку пати има кажано дека Големата награда на Америка во 2004 година била пресврт во неговата тркачка кариера, трка кога неговиот брат, Ралф, имаше тежок инцидент, силни повреди и подолга пауза. Тоа го натерало длабоко да размисли затоа што своите несреќи секогаш ги оставал зад себе, а несреќите на другите силно го погодиле.
Иако “пензионер“ Шумахер беше силно вклучен во работата на Скудерија Ферари како помошник на Жан Тод и со чести тестови на болидот се до 2008 година. Следната 2009 година Ферари најави дека повторно ќе го активира Михаел како замена на неколку трки за повредениот Маса, но и вратот на Шуми не беше во најдобра форма, такашто враќањето се изјалови.
Денови ги минуваше повеќе од активно. Се заљуби во моторите и се тркаше на мото трки. Својата најопасна незгода ја имаше токму со мотор кога по еден пад доживеа тешки повреди на главата.

Фудбалот зазема се побитно место по неговото пензионирање. По долги години борби сам со себе во клаустрофобичниот Ф1 кокпит, Михаел се реши за тимски спорт. Играше “11-ка“ во Nacionale Piloti фудбалскиот клуб.
Почитта и угледот кој го има во Ферари е несомнена. Кога во 2009 година италијаните се согласија да дадат на тест во најгледаното шоу за автомобили, Top Gear, едно уникатно и непроценливо Ferrari FXX условот беше само еден, Шуми ќе пристигне со автомобилот и само тој ќе смее да го вози.
Секој чест на се она што го направи Шуми за Ферари и во Ферари, но ред е последните кругови да се извозат за оној којшто ти ја овозможил блескавата кариера, сепак Мерцедес “жртвуваше“ свои средства за да му овозможи Формула 1 на германецот. Така и бидна. Новоформираниот тим на Мерцедес на чело со Рос Браун, беше прво инволвирање на брендот во Ф1 по 1955 година, го назначи Михаел покрај Нико Розберг за свои возачи за 2010 година.
Можноста да го замени барем на некое време Маса во 2009 година, ја разгореа страста за спортот кај германецот. Тој повторно се врати во “октанскиот циркус“ можеби инспириран и да го стигне рекордот на Фанџо за највозрасен шампион (Фанџо освои титула на 46 години, а во 2010 година, при својот кам-бек, Михаел имаше 41).
„Никогаш не може да ти се здосади од тркање“ - изјави тој по една победа во Race of Champions во 2010 година кога покрај себе го имаше Фетел.
2010 - 2012 - Мерцедес - Многумина го оспоруваа камбекот на Шуми, и со право. Тоа беше прва сезона од неговата премиерна (1991 година) во која Михаел заврши без победа, без пол-позиција, без подиум, без најбрз круг. 9-тото место во генералниот пласман, со 4-то место како најдобар пласман е далеку под реномето на германецот. Уште еден за него неславен рекорд, 15-тото место во Валенсија е негов најслаб пласман.

Оваа сезона ќе остане запамтена и по страшниот судар со Витантонио Лиуци кога главата на Шумахер “за влакно“ избегна средба со болидот на Форс Индија.
Следната година (2011), Шуми повторно се мачеше за да на крајот го освои 8-то место и само еднаш беше на чекор до подиум, 4-т во Канада.
Последната негова Формула 1 сезона, 13-то место во шампионатот, едно трето место и седум откажувања и Михаел свати дека е време дефинитивно да им остави простор на помладите. Подиумот во Херез го дочека како најстар возач од 1970-та година кога Брабам имаше второ место. Очајната сезона “го ублажија“ 77-от најбрз круг на Холемата награда на Германија и 300-от настап на трка постигната на местото каде што ја возеше и првата, на неговата Спа.
„Среќен сум само доколку победувам“ - доволно кажува а неговата глад секогаш да е на највисокото место на подиумот.
Приватен живот - Од 1995 година тој е во брак со Корина со која има и две деца. Неговиот син Мик веќе тргна по стапките на татко си во поглед на тркањето. Се што има да каже, го говори на патеката, а кон семејството секогаш е заштитнички настроен, не сака да е во фокусот, не сака слава. Затоа, во 2007 година решава да се пресели во мирната и здодевна Швајцарија на брегот на Женевското езеро. Обожава да јава коњи.
Амбасадор на УНЕСКО, во која организација има донирано над 1,5 милиони долари, портпарол за безбедност во сообраќајот, учесник во огромен број на хуманитарни настани и великодушен донатор. Многу луѓе и земји остаа запрепастени од постапката да донира 10 милиони долари за цунамито од 2004 година. Во моментите на мекост и искреност, често знае да ја изрази својата љубов кон децата, а изграденото школо за сиромашни во Дакар, болница за деца жртви од војната во Сараево, палата на сиромашните во Перу само потврдуваат дека големиот возач е уште поголем човек.
Неговата способост да генерира профит за себе и компаниите е неверојатна. 8 милиони долари за три години за реклама од 8x10 цм од DVAG е маркетиншко чудо. Кацигите на пилотите никогаш не биле толку легендарни како по презентацијата на неговата од страна на Schuberth кога истата беше прегазена од тенк. Го позајми гласот во детскиот цртан Cars, кога зборуваше наместо Ферари Ф430. Се проценува дека неговото богатство изнесува 780 милиони долари.
Во декември 2013 година тој имаше трагична несреќа додека скијаше со својот син Мик на Француските Алпи. По падот заврши со главата во камен и тешки повреди иако носеше заштитна кацига. Поради тежината на повредите одредено време се наоѓа во медицинска кома. Во средината на 2014 година се разбуди од кома и до ден денес е на домашно лекување, но е парализиран, се наоѓа во количка и не може да зборува. Каков апсурд, скијачка несреќа целосно го онеспособи човекот кој 308 пати свесно седнуваше да се трка управувајќи ги најмоќните чудовишта.

Симболиката со денешниот ден, 4-ти април и објавувањето на ова Ф1 Досие е огромна. На овој ден минатата година беше објавено дека по будењето од медицинска кома, Михаел за прв пат покажа знаци на свест, знаци на живот. Му посакуваме оздравување барем толку брзо колку што беа и неговите кругови во 20-годишната кариера.
Јас сум среќен човек, јас го живеам својот сон.