Балерина, пилатес и јога инструкторка, Ирина Митевска е дамата која што никогаш не одмара. Секогаш во потрага по нови вежби и техники на вежбање, таа освен за својот изглед, се грижи за многу жени да изгледаат убаво, да имаат одлично обликувано тело и ведар дух. Запознајте ја одблиску Ирина, дознајте за тајните на вежбањето и нејзиниот приватен живот.
Ирина, како започна со приказната наречена Пилатес?
Јас сум по професија балерина. Пред 14 години си заминав од Македонскиот Народен Театар и дојдов на идеја да држам приватни часови по балет. Додека го правев тоа јас го изучував методот на вежбање на пилатесот. Од Бугарија ја најдов целата литература за тоа, како се вежба, техники и за каков начин на вежбање станува збор. Јас сум иновативна, секогаш сум за нови работи и сакам тоа да го применувам, за здрав начин на живот кај сите. Првата жена која што го донесе пилатесот кај нас сум јас и драго ми е поради тоа. На почетокот тешко ни одеше, луѓето беа скептични, не им беше јасно за што станува збор. Ме прашуваа какви се овие чудни вежби. Но потоа сфатија дека пилатесот е поефективен од аеробикот.

Како пилатесот го обликува нашето тело?
Пилатесот е поефективна техника за вежбање, ги вежба најдлабоките мускулни влакна и го обликува телото на најдобар можен начин. За среќа тоа луѓето го разбраа, самите се уверија во сето тоа, се едуцираа, ги почувствуваа резултатите на своето тело и пилатесот наиде на голема публика и поддршка од сите оние кои сакаат да вежбаат и се грижат за своето тело. Пилатесот влијае на подобрување на болките во грбот, зглобовите, болки во главата, тоа е огромен бенефит за сите кои го вежбаат. Во секој случај станува збор за успешна приказна која еве, ја пишуваме секој ден.
Според Вас, дали пилатесот е најтешката техника за вежбање?
Според мене балетот е најтешка техника за вежбање, односно тоа е најтешката уметност. Тука некаде е приближно пилатесот затоа што во овој начин на вежбање владее прецизноста, мора да внимаваме како вежбаме, правилно да ги правиме вежбите за правилно да ни се обликуваат мускулите и целото тело.

Освен жените, вежбаат ли и мажите пилатес?
Машките вежбаат пилатес, посебно имаат поддршка од основачот на Пилатесот, Јозеф Хабертис Пилатес. Кај оваа техника нема ограничување по пол, или старосна граница. Нема правила, оваа техника вели дека секој, во секое време, на било која возраст може да вежба. Пилатесот е компилација на источна и западна култура, може да се користат елементи од балет, јога, кик-бокс, кошарка, фудбал...многу техники се содржат во нашиот Power Пилатес. Секој час е различен, интересен за учениците. Вежбите претставуваат предизвик за телото и духот. Жените вежбаат подобро кога се во друштво на мажи, сакајќи да покажат дека можат и дека се подобри вежбачки.
За колку време може да се добие убаво обликувано тело?
Тука нема правила. Треба редовно да доаѓаат на вежбање, самото тоа ќе им донесе бенефити. Без оптеретувања за резултати и кога ќе биде. Инструкторот знае кои вежби треба да се вежбаат, кои мускулни групи треба да се опфатат. Добро смислена програма, со различни вежби, ќе се добие посакуваниот резултат. Тоа е најефективна техника. После 5-от тренинг се приметува некоја минимална разлика. До 10-от тренинг веќе може да се приметат одредени промени на телото, за 20 тренинзи ќе ја почувствуваат разликата, а за 30 тренинзи ќе имате совршено ново тело.

Ирина, изгледаш одлично. Како ти го оддржуваш твоето тело?
Јас сум мајка, секојдневните обрски со мојот син, се хранам здраво, сакам готвени јадења. Мојата исхрана вклучува пилешко, риба, зеленчук и овошје. Внимавам што јадам, не сум нешто многу гурман. Од мои 10 години вежбам балет и тоа ми е влезено во самата конструкција на мојот ментален склоп. Колку и да не сакам, јас тоа го правам. Работам на нова програма за вежбање, за која имаме нови реквизити, но за што станува збор ќе дознаете наскоро. Ќе биде интересно и различно. Нешто невидено до сега, самата програма на вежбање многу расположува, Ви дава сила и енергија и физички напредувате. Колку напредуваме физички, толку напредуваме и ментално.
Дали редовното вежбање ги пегла брчките на лицето?
Јас морам да напоменам дека на крајот од часовите правиме истегнување на телото, после вежбањето телото мора да се истегне, па така практикуваме и вежби за лице. Буквално правиме вежби за лице кои служат за порамнување и израмнување на брчките. Вистински помага, но и тоа да не го правиме, пилатесот во секој случај го подмладува духот, го ревитализира телото. Така ние изгледаме свежи и убави.

Вашето студио се наоѓа на четири локации низ Скопје. Ќе се проширувате уште?
Познавајќи се себе си знам дека нема тука да застанам. Цело време се мисли на разој на тој дел од приказната, но ќе видиме што ќе се случува. Работам со одличен тим, моите девојки се навистина за пофалба, многу ги сакам. Тие се вистински лидери во Power House. До мене пристигнуваат пофални зборови за моите инструктори, еве ќе ги пофалам јавно. Да продолжиме така и ќе бидеме уште подобри. Покажуваме пријателство, ги почитуваме нашите клинети, имаме одлични релации со нашите вежбачки. Затоа можеби се вбројуваме тука некаде помеѓу најдобрите, односно на врвот.
Кој може да стане пилатес инструктор?
Секој кој што ја има харизмата да привлече внимание и да го задржи на себе и сето она што го поставува како час. Умешноста да ги натера сите да го следат, да го слушаат, да внимаваат на тоа што се покажува и зборува. Вежбите и техниките се учат, треба само желба, останатото се учи. Треба посветеност и љубов кон тоа што се прави.

Која е личната карта на Ирина Митевска?
Ирина приватно е мајка преку целиот ден. Посветена сум на моето синче кое е палаво и гледам колку толку да влијаам на него. Вежбаме од дома, за да ја истроши енергијата што ја има како дете. Цело време ми ги покажува мускулчињата, ме изненадува со нови вежби кои сам си ги измислува. Многу сме среќни двајцата. Овие моменти од неговиот живот не сакам да ги пропуштам за ништо. Сега е во период кога расте и се разива, кога е најинтересен и забавен.
Има ли граница, од кога децата може да почнат да вежбаат пилатес?
Постои еден правец, пилатес кидс, тоа е пилатес за деца. Тие може да почнат уште од 6, 7 годишна возраст, кога ќе почнат да разбираат што им покажувате за да вежбаат. Мора да е тоа група со деца кои сите ќе си имаат другарчиња за време на вежбањето. Не смеат да се измешаат со возрасните, во тој случај би им фалеле врсниците. Полезно е за растот и развојот на децата да вежбаат затоа што никогаш нема да имаат искривување на р’бетниот столб, сколиоза, и ред други искривувања на грбот. Нема да седат искривено затоа што ќе имаат создадено мускулна маса.

Чита ли Ирина Точка?
Да, читам, Ве пратам и следам. Многу ми е драго, одлична страна е Точка.
Твој совет до сите читатели на Точка?
Мој совет е да вежбаат. Да си одберат техника на вежбање која им одговара, пилатес, јога...Во секој случај да си посветат време на себе. Да имаат еден дел од денот само за себе. Дали тоа ќе биде за читање книга, по дома, прошетка, гледање филм...сеедно, времето за себе никако да не го заборавиме. Тоа е единствената пилула која ќе ни помогне.

.JPG)
Автор: Марија Главчева
Локација: Бистро бар Барбакан