Како родител сигурно сте се запрашале дали е добро на вашето дете да му дадете неделен буџет со кој ќе располага цела недела, или пак секојдневно да му давате мал износ? Или пак ако имате студент дали да му овозможите користење дебитна платежна картичка. Одлуката е едноставна, и е директно поврзана со прашањето дали сакаме порано да ја поттикнеме нивната финансиска независност и да ги подготвиме самите да си ја трасираат својата иднина.
“Финансиската писменост и независноста се клучни вештини за младите поединци. Со нивно побрзо воведувањето во финансискиот менаџмент преку охрабрување да имаат уникатен банкарски пакет влијаеме на нивното созревање, на самостојноста, на нивното градење како личности. Токму затоа како Банка сметаме дека е многу важно младите да се едуцираат и да ја разберат вредноста на парите и функционирањето на финансискиот свет. Да можат да управуваат со сопствените средства, да учат да донесуваат правилни одлуки, разбирајќи дека парите се ограничен ресурс кој бара внимателно ракување”, смета Дејан Доксимовски од УНИБанка Скопје.
Како Банка имате уникатен пакет за млади наречен UniQ. Што со него добиваат младите?
Младите со аплицирањето за пакетот добиваат Mastercard® дебитна картичка за млади, бесплатно одржување на сметка, без месечен надомест, бесплатно УНИ СМС известување за состојбата на сметката, дозволено пречекорување до 15.000 денари без административен трошок, како и бесплатна три месечна претплата на Netflix. Дополнително се добиваат и попусти и специјални промоции кај избрани трговци. Еден куп предности што овој пакет навистина го прави уникатен и поволен.
UniQ е прилагоден на потребите на младите, со што УНИБанка Скопје уште еднаш покажа дека е Банка за младите, доверлива финансиска институција која ги разбира и им дава поддршка во процесот на созревање, растење и нивно обликување во одговорни, мотивирани и независни возрасни личности.
Кој се може да го поседува?
За UniQ пакетот може да аплицира секој млад човек на возраст од 15-25 години, со тоа што за лицата под 18 години пакетот не вклучува дозволено пречекорување и Netflix претплата. Бесплатната претплата за Netflix важи и доколку веќе сте корисник на Netflix. Со навршување на 25 години возраст, престанува користењето на пакетот.
Средношколците, студентите и вработените на возраст од 15-25 години, преку UniQ пакетот добиваат значајна поддршка во период кога се полни со идеи, очекувања, и кога мали успеси ги носат поблиску до големите соништа, период кога е важно да се стекне самодоверба, да може да се одговори на сите предизвици.
Зошто е важно раното внесување на младите во светот на финансиите?
Воведувањето на младите во финансискиот свет и банкарството преку обезбедување на UniQ пакет за млади на УНИБанка не е само управување со парите туку се работи и за подготовка за живот. Во свет каде што финансиските вештини се исто толку важни како и академските, имањето ваков пакет е подарок што ќе обликува одговорни, мотивирани и независни возрасни личности. Тоа познавање ќе им помогне кога ќе бидат возрасни, кога патуваат, кога се надвор од земјава. Бенефитите се бројни, а УНИБанка е секогаш тука за нив!
Со поседување UniQ пакет за млади на УНИБанка, младите се учат на одговорност, учат како да ги следат трошоците, салдото и да ги разбере последиците од прекумерното трошење. Оваа одговорност се протега надвор од личните финансии, бидејќи токму вака започнува разбирањето на пошироките економски импликации од секоја финансиска одлука.
UniQ пакетот за млади на УНИБанка поттикнува планирање но и штедење. Кажете ни нешто повеќе?
Со овој пакет, младите добиваат дебитна картичка, но и своја сметка, преку која може да ги планираат своите финансии. По автоматизам тоа значи и создавање навика за штедење. Без разлика дали тоа е заштеда за нов гаџет, фонд за факултет или едноставно за некаков предизвик, младите луѓе ја учат важноста на поставување финансиски цели и планирање за иднината. Овој ран вовед во штедењето влева чувство на дисциплина и предвидливост, кои се од суштинско значење за идно успешно финансиско планирање. Ова знаење е непроценливо во свет каде што финансиската писменост е исто толку суштинска како и секое академско учење.
Како влијае оваа можност во процесот на градење на самодоверба кај младите?
Имањето UniQ пакет за млади од УНИБанка Скопје ја гради самодовербата на младите бидејќи им дава слобода и можност самите индивидуално да управуваат со сопствените финансии. Тоа, исто така, е знак на доверба што ја имаат нивните родители во нивната способност одговорно да ракуваат со парите. Оваа доверба им дава моќ, ја зајакнува нивната сигурност и самодоверба да донесуваат здрави финансиски одлуки.
Младите се нашата иднина, и зависно од тоа колку се тие едуцирани и во тек со финансиските новитети, ќе зависи и економската иднина на нашата земја. УНИБанка, е дел од оваа заедница, дава силна поддршка во различни сфери поврзани со младите, и таа нејзина определба ќе остане и во иднина, заслужувајќи го епитетот на Банка на младите.