Ненад и Крис, основачите на Сињори, брендот за одела по мерка, ја претворија својата визија во реалност што инспирира.
- Нено и Крис, кажете ми како размислувате за искуството на вашите клиенти дека менувате животи, едноставно?
Нено: Се трудиме да се фокусираме на сите детали и ситници. На пример, од самото јавување на клиентот кај нас до неговото доаѓање, целиот процес на разговор, на избирање на материјали и сè останато, да биде на ниво коешто клиентот ќе го цени и ќе ужива.
Секогаш гледаме да го испочитуваме клиентот до крај, без разлика кој е и што е. Веројатно тоа е она што клиентите го ценат и нè препорачуваат.
- Ама и ентериерот во Сињори сигурно влијае на целото искуство на клиентите. Како сèвкупно ги меннувате животите на клиентите? Зошто од она што го знаеме, тие се фасцинирани со целото искуство кога ќе заминат од кај вас.
Нено: Па првично, замислата ни беше да овозможиме македонскиот маж да носи врвно одело. Е сега, знаеме кај нас каков е менталитетот, во смисла „Јас сум спортски тип, јас не носам одело“ и сл. Ама, на пример има моменти кога матурант сака да има одело по мерка, па истиот тој матурант утре-задутре ќе се жени, па ќе му треба костум, па понатаму и бизинс одело ако отвори своја компанија и сл. Е, тоа е многу интересен процес којшто го го прави Сињори неизоставен дел од важните случувања во животите на нашите клиенти.
На крајот на денот, им велиме на нашите клиенти дека еднаш кога ќе дојдат кај нас да направат одело по мерка, целото искуство толку многу ќе ги промени што нема да сакаат да одат на друго место.
- Луѓето што биле еднаш кај вас се едноставно под импресии од тоа како биле пречекани, колку уникатен бил целиот процес па дури и се јавувате кај клиентите како follow-up.
Нено: Да! Токму така! Клиентите честопати не веруваат дека пречекот во Сињори е на едно повисоко ниво од што се навикнати, па мислат дека се шалиме со нив. Плус, ние практикуваме да се јавиме кај клиентите за да видиме дали се задоволни со оделото и сл. Е тоа е дел од целото Сињори искуство што не се наоѓа на друго место.
Крис, како стаса до тоа да станеш ко-основач на Сињори? Раскажи ни малку за твојот бекграунд.
Крис: Па, јас сум роден во Ресен а кога сум имал 1 година моето семејство се пресели во Тампа, Флорида, каде што живеев 20 години. Откако се вратив назад во Македонија, сакав да останам тука и да создадам нешто што ќе го сакам. И една работа води до друга, се запознаваме со Нено и станавме многу добри другари.
Нено: Така е! Се сеќавам дека кога првпат го видов Крис помислив дека е многу интерен тип ама не го знаев од порано пошто нели, не живееше тука. Се среќававме во теретана, па потоа дружењето многу ни се интензивираше и почнавме скоро нон-стоп да се дружиме и сфативме дека имаме многу слични мислења и визии. Интересено е што откако видовме дека двајцата сме мнопгу слични, почнавме да размислуваме во насока да создадеме нешто свое. Пред да го основаме Сињори, планиравме да отвориме маркетинг агенција, а идејата за Сињори се роди многу спонтано.
Пошто и двајцата вежбавме, имавме проблем да најдеме соодветни одела што добро ќе ни стојат. Ни на крај на памет не ни беше дека ќе отвориме компанија за одела по мерка.
Крис: Јас веќе кога видовме дека тешко наоѓаме одела, онака почна да ми работи мозокот во насока custom-made одела. И така полека, полека почнавме да ја развиваме идејата за Сињори.
- Значи, всушност, целата идеја за Сињори се раѓа од потреба? Нешто ви фалеше и не можевте да најдете тука кај нас.
Нено: Токму така! Не можевме да најдеме одело што ни стои добро!
- Има еден интересен момент за првото сошиено одело. Ќе ни кажете нешто повеќе за тоа?
Нено: А, да! Мајка ми имаше една пријателка што шиеше, и онака му спомнав на Крис, и тој веднаш почна со бизнис идеи.
Крис: Штом слушнав за шиење одела по мерка, знаев дека е скап потфат. Бидејќи во Америка, на пример, такво custom-made одело чини многу, и мислев дека ангажирањето на жената да ни сошие одело ќе биде многу скапо. Ама бидејќи целава приказна ни се случува во Македонија, Нено беше убеден дека нема да е толку скапо.
Нено: Да, јас се јавив кај жената да проверам колку ќе чини и со Крис се изненадивме колку прифатливо е, всушност. Крис одма се активираше на Pinterest да бара инспирација за оделото! Потоа, дознавме каде да најдеме материјал за оделата, ама наидовме на препрека. Крис сака сиво одело а јас тегет, и земаме сив и тегет материјал. На крај дознаваме дека материјалите се всушност штофови за гарнитура!
Значи првите одела ни се направени од штофови за гарнитура!
- И добро, се појавивте некаде така облечени во оделат од штоф за гарнитури?
Нено: Да! Излеговме вечерта на еден настан со многу луѓе, и први другарите нè видоа и не прашаа кај сме ги купиле оделата! Многу им се допаѓаа како изгледаат и колку добро ни стојат!
Еден по еден, сè повеќе луѓе нè прашуваа за оделата, и едноставно ни стана јасно дека тоа треба да е нашиот бизнис.
Едноставно, потребата за одело што ќе ти прилега беше премногу голема а немаше каде да го купиме тоа што ни треба. Ни јас ни Крис не сакавме да трошиме време по продавници да пробуваме безброј одела што не ни стојат.
Крис: Сакавме да создадеме бренд што го елиминира непотребното време поминато во продавница. Сакавме целиот процес да е брз, едноставен, и баш по мерка на клиентот. Keeping it simple.
Кога конечно се решивте дека ќе основате свој бизнис?
Крис: Реално, кога ја замислувавме идејата за Сињори, ние бев, е уште деца, бевме многу млади ама знаевме што сакаме. Јас студирав бизнис, Нено менаџмент, направивме бизнис план во април а веќе во мај имавме локација за канцеларијата а и имавме смислено име.
- Зошто баш Сињори?
Крис: Кога создаваш бренд, сакаш името да е звучно, кратко и јасно. Ние сакавме да го потенцираме моментот на Gentlemen, и истражувавме на кои јазик тоа најубаво, највпечатливо би звучело. Ни се допадна италијанскиот превод на gentlemen и оттука Сињори.
Нено: Следно дојде логото, и тоа сами го смисливме со помош на апликација што генерира логоа на интернет. За среќа, сè што смисливме помина добро кај потенцијалните клиенти.
- А локацијата? Најдовте локација веднаш?
Нено: И тоа е интересна приказна. Моја другарка ни отстапи едно мало локалче на користење, и цела година ни го даде гратис, додека да застанеме на нозе како бренд. Значи, Сињори почна да работи во 12 м2, и тоа ни беше и канцеларија и атеље.
Крис: А притоа, кога почнавме со Сињори, ниту знаевме да земаме мерки, ниту ништо. Само знаевме дека тоа е она што сакаме да го работиме.
А потоа дојде и моментот да инвестираме во Сињори. Како? Колку? Ништо не знаевме. Еве и една информација што не ја знае никој. Што мислите, со колкава инвестиција почнавме?
- Со 5.500 евра? Колку што е потребно да се отвори фирма.
Нено: Да, тоа е законската обврска за регистрирање на фирма, но нашата лична инвестиција во Сињори беа нашите две плати. И толку.
Крис: Сè што имавме како финансии вложивме во Сињори, ризикувавме да немаме пари да го истуркаме следниот месец. Ама верувавме дека тоа што го правиме ќе биде усшешно за сите, и за нас како основачи и за клиентите.
- Што се случува откако Сињори почнува со работа официјално?
Крис: Сињори е официјално отворена на 06.06. Веќе а 17.06 ни се пружа една невидена прилика. Балканската музичка ѕвезда, Жељко Јоксимовиќ, има концерт пред десетици илјади во Скопје. За нас, тоа беше како да доаѓа Џастин Тимберлејк.
Нено: Мислам дека го немам видено Крис повозбуден од кога на телефон ми кажа дека Жељко Јоксимовиќ дошол кај нас во канцеларија!
Крис: Да, доаѓа Жељко во канцеларија, ми вика му треба одело за битен настан. Е сеа, нели Сињори прави одела по мерка, и тоа одело му прилега само на еден човек. Ама, Жељко нема време и му треба одело веднаш! Ние во Сињори тогаш имавме 4 одела на штемдер, и едно на кукла што ни стигна пред еден час. Жељко го гледа моето одело, а не знаеше дека е мое) и вика ова го земам! И така испадна Жељко Јоксимовиќ да го носи моето лично одело на концертот што го гледаа илјадници луѓе!
И сега, после одреден временски период, што значи Сињори за вас?
Крис: Ние сè уште учиме нови работи секој ден. Сè уште се развиваме и растеме заедно со бизнисот. Водењето на Сињори дефинитивно нè направи посилни и похрабри во комуникацијата со разни типови на луѓе.
- Која ситуација би ја издвоиле како нереална за вас? Како нешто што не сте ни сонувале дека ќе се случи со Сињори?
Крис: Верувале или не, после една година, откако колку-толку се етаблиравме како бренд кај нас, добивме повик од Кабинетот на Претседателот! Јас повторно не можев да верувам дека ни се укажува ваква неверојатна шанса! Тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов сака да носи одело од Сињори!
- Можете да ни раскажете за инвестицијата од основачот на Rumble? Toa e поприлично голем успех.
Крис: Така е. За среќа, ние „американците“ во Македонија се познаваме еден со друг, и со Крис Павловски, основачот на Rumble, се познаваме одамна. Крис дознал за Сињори, го видел потенцијалот на брендот и ме исконтактира за да инвестира. И јас и Нено бевме многу среќни што се повеќе луѓе почнаа да го гледаат Сињори како бренд што навистина вреди. После инвестицијата од Крис Павловски, почнавме со сопствено производство коешто беше навистина макотрпно.
Нено: Рековме дури и по 1 одело по мерка да направиме, тоа ќе биде како што треба, совршено во секој детаљ.
- Како течеше приказната за Сињори понатаму? Се проширивте ли во поголемо атеље?
Нено: Да, после некое време ја преселивме канцеларијата на Партизанска, каде што сме и денес. Клиентите доаѓаа и си заминуваа задоволни од сè она што им го нудиме. Во еден период, дојде и моментот за првото заштитно лице на Сињори: големиот наш Кире Лазаров. Прво ни беше клиент, а на наше инсистрирање ни стана и заштитно лице, на што сме особено горди.
- Чинам дека растењето на брендот продолжи и понатаму. Дури и создавте нов продукт?
Крис: Да, Сињори продолжи да си расте и развива.
Нено: И како што повеќе и повеќе клиенти доаѓаа да си направат одела по мерка, така согледувавме некои аспекти што може да се подобрат. На пример, при пробувањето на кошулите, забележувавме дека не стојат на место, се измрдуваат, и целиот outfit не изгледа убаво. Така ни дојде идејата за Tucker – Shirt-stay, напиот патентиран производ што ја држи кошулата на место.
Од една случајност во друга, го осмисливме Tucker, го патентиравме и дојде време за инвестиција.
Крис: Почнавме со Kick-starter, го промовиравме произвводот со видеа, туторијали и слично, и конечно, после 30 дена, го постигнавме буџетот што ни требаше.
- Како и во сите бизниси, и вашиот претрпел незгоди. Може да споделите некој немил настан што се случил?
Крис: За жал, да, ни се случи навистина тешка кражба во атељето на Сињори. Целото атеље беше уништено, оделата украдени, материјалите исто, сè расфрлано на сите страни. Но, со Нено знаевме дека мораме да продолжиме напред и да не гледаме назад.
- Како Сињори ја издржа КОВИД кризата? Дали целиот глобален lockdown ве погоди?
Нено: Секако! Тоа беше ужасен период којшто за среќа, Сињори го издржа. Иако сè беше ставено на пауза, со Крис пробавме да ја искористиме ситиуацијата до максимум. Почнавме да правиме маски и мантили, од чијашто продажба голем дел дониравме.
- Ајде на посветли теми. Според вас, што е сржта на Сињори?
Крис: Едноставно – квалитетни материјали. Loro Piana е еден од најексклузивните брендови за материјали во светот! На Балканот, само Сињори изработува одела од овој престижен италијански бренд.
Нено: Освен Loro Piana, работиме со материјали од Zegna и Scabal коишто се исто ултра ексклузивни и луксузни материјали коишто клиентите можат да го допратб и видат пред да се одлучат кој материјал ќе го користат за своето одело.
- Ајде да го начнеме моментот кога се проширивте надвор од Македонија.
Нено: Да, Србија е земјата каде што Сињори почна да го освојува пазарот, но поради лоши партнерства и нечесни игри, таа приказна не продолжи.
- Што е Traveling Tailor? Досега не сме го слушнале овој термин кај нас.
Крис: Тоа е концепт што го приближува целото искуство на одела по мерка до клиентот, само за клиентот.
Нено: На пример, имавме клиент којшто допатува од Ибица за да купи Сињори одело. Додека е клиентот во Скопје, ние му организраме хотел, проби, и други активности за тој само да доаѓа на пробите и да си замине со оделото што си го замислил. Во тој период, ние сме фокусирани само за него.
Имавме сличен пример со познатиот фудбалер Ендрју Греј, за којшто допатувавме во Солун за ексклузивно Traveling Tailor искуство.
- Каков е процесот на купување на едно Сињори одело?
Крис: Станува збор за навистина уникатно доживување искучително достапно преку закажување на термин со нас. Ние сакаме клиентот да биде дел од целиот процес, не само да одбере одело и тоа е тоа. Сакаме да биде дел од презентација на материјалите, кројот, штофот, чевлите коишто би одговарале на оделото, и сè попратно.
Исто многу ни е битно да разговараме со клиентот еден на еден за да добиеме јасна слика за она што најдобро би му прилегало за да добиеме одело коешто ќе одговара на неговата градба.
Нено: Какви барања и да има клиентот, се трудиме да му ја објасниме визијата на Сињори, што добива, кои материјали ги користиме, како се земаат мерките, како де крои дизајнот и сл.
- Ова многу нè интересира. Колку време е потребно да се сошие едно Сињори одело по мерка?
Крис: Отприлика, со Scabal материјал, ни треба 40 часа да се сошие одело по мерка.
- Како стигнавте во престижното списание GQ?
Крис: Да, нè контактираа од списанието за да нè претстават на американскиот пазар, и тоа се случи 4 пати во годината! Тоа ни на сон не можев да си го замислам!
- Според вас, колку и какви одела треба да има еден современ џентлмен?
Крис: Па, најосновно, секој маж во денешницава треба да има 3 одела – едно тегет, едно сиво и едно темно сиво. Но пред сè, многу е битен кројот и како оделото стои.
- Колку е важен имиџот во денешно време?
Крис: Денеска, имиџот т.е. стилот е сè, особено во професионална средина каде што имиџот значи многу. Дотолку повеќе кога убавото одело е дел од имиџот пропратен со убави манири.
- За крај, што е Gentlemen’s Club? За што се работи?
Нено: Тоа беше една наша замисла екслузивно посветена на нашите Сињори клиенти. Станува збор за настан којшто Скопје ретко го доживеало. Сакавме да ги собереме сите Сињори господа на едно место, на еден ексклузивен настан со сомелиери, оперска музика, пури, стил и елеганција.
Оваа идеја функционираше одлично сè до КОВИД пандемијата, но планираме повторно да го заживеме клубот на џентлмени.