LG G3, одличен смартфон со долготрајна батерија

Точка

24/07/2014

20:04

4.109

Големина на фонт

а а а

Единствената замерка кај паметните телефони е траењето на батеријата. Еден ден дефинитивно е премалку, а повеќето телефони токму толку можат да издржат...

Сепак, тоа не е случај со новиот LG G3 паметен телефон кој благодарение на големата батерија од 3000mAh може да издржи два дена, доколку ги работите стандардните работи, гледате ЈуТјуб, проверувате мејл, сурфате, твитате и „дремете“ на Фејсбук.

Освен долготрајната батерија, LG G3 може да се пофали со одличниот QuadHD екран со големина од 5.5 инчи кој се простира на 75.4% од предната површина. Со резолуција од 2560х1140, G3 спаѓа во самиот врв кога станува збор за квалитетот на екранот, а тука е и густината на пиксели по инч која изнесува дури 538. Екранот на LG е подобар од поголемиот дел од конкуренцијата која има FullHD екран со резолуција од 1920х1080.


Што се однесува до камерата, G3 има камера со 13 мегапиксели, а новитетот во камерата е laser-autofocus системот со кој фотографиите прават подобар фокус, а со тоа и квалитетот на самата фотографија се подобрува. Посебно импресивна е брзината - LG тврди дека потребни се 276 милисекунди за фотографијата да се фокусира, а тоа е побрзо од трепкањето со окото! Тука е флешот, DualLED и оптичка стабилизација на на сликата, а тука е и предната камера од 2 мегапиксели од која не можете да очекувате многу.


Негативни страни овој телефон речиси и да нема, а целиот раскош на одличниот екран ќе можете да ја почуствувате играјќи ги новите игри кои буквално „летаат“ благодарение на Quad-core 2.5 GHz процесорот.

Се' на се', LG G3 е одличен уред кој ќе ги задоволи вашите потреби, а на вас е да одлучите дали овој телефон ќе ви одговара според цената, дизајнот и ергономијата, затоа што 5.5 инчи не се малку...