Оваа недела седнавме на "муабет" со двајца членови на Легијата, за вас веќе добропознатите Да Џака Накот и Ронин. Би рекле дека се водеше една поинтересна дискусија, а еве што изјавија тие за читателите на Точка...
Здраво дечки, како се чувствувате денес?
Ронин: Oдлично, убаво e времето за “кулирање”...
Џака: Треба да се помага во Србија и Босна... нам ни е топло нив не им е...

Времеплов... Сакам да ве запознаам, раскажете ми нешто повеќе за Легијата, колку време постои? Членови? Основачи? Како настана?
Ронин: Постоиме од 2000-та, идејата му текна на него (Џака), прва постава бевме 9 души, имавме по 15 до 19 години... Се собравме, снимивме еден албум но никогаш не го издадовме. После тоа, имавме период 2003-та до 2006-та преокрет – некои од членовите си отидоа, дојдоа нови, во 2006-та се вративме на сцена со концерт кој многу добро помина, издадовме албум 2008-ма, 2010-та уште еден албум – компилација повеќе, со ремикси и со неиздадени траки и 2014-та работиме на нов албум. Се надеваме дека до септември ќе биде готов.
Би рекла дека треба да имаш “му*а” за да бидеш рапер (меѓу останатото).. Како ја започнавте кариерата на толку рана возраст? Што ве повлече накај рапот? Од каде храброста да му ја ”плескате” вистината на Скопје во фаца?
Џака: Рапот што сме го слушале ние како деца бил од социјална содржина, значи Public Enemy, EPMD, Cypress Hill, Wu-Tang Clan, тоа биле рапериштa кои што во текстовите имаат социјални теми, општествени, алудирале до поголема група на луѓе, кажувале за проблемите на тие луѓе, а бидејќи и ние сме државичка со многу проблеми и имавме многу проблеми кога почнавме ние да правиме рап, (а сега ги имаме уште повеќе) решиме да се занимаваме со ваков вид на теми. Првата песна ни е снимена во 91-ва година на синтисајзер и касетофон. Tреба да се биде искрен, треба човек да го кажува тоа што го мисли и тоа што чувствува. Автоцензура во хип-хоп не поминува... ниту пак компромиси да правиш. Подршка не ни даде тотално никој.
Ронин: И тоа пази, во време во кое тука никој не слушаше рап.. На улица те покажуваа со прст – “еј рапер!” ..

Колку време посветувате на еден текст? И на кој имате посветено најмногу..
Ронин: Текст си пишува секој сам за себе... Сега колку време посветуваме на текст зависи од темата. Постојат тематски текстови и “battle” текстови. Вториве се полесни, тие се игра на зборови, се пишуваат многу побрзо, редиш рими, а за социјалните, тематските текстови треба повеќе време. Ти се собираат идеи, информации постојано што подоцна ги преточуваш во текст.
Издвојте ми неколку артисти достојни за ваша почит...
Џака: За мене Dj Rush e достоен за мојата почит и Господ, Бог... како врховен артист!
Ронин: За мене ултимативната група е Wu-Tang Clan, Cypress Hill и толку. Тие ми се останати од времето...
Што мислите за меѓучовечките односи на луѓето во Скопје? Ме интересира вашето мислење за “Скопскиот комплекс” кој владее меѓу нашава младина..
Ронин: Ова е само за Џака...
Џака: Скопскиот компелкс е автохтон скопски момент кој што почнува да се губи.. Не може провинцијалец да има скопски комплекс, нели? И како го "фаќа" скопскиот компелкс? Во кое кафуле се фаќа скопскиот комплeкс? Градот се повеќе и повеќе ми има акценти и дијалекти и на тоа јас не гледам лошо, како некој да ми зема мене од Скопјето меѓутоа се губи културното јадро на градот.. Се има изгубено многу, особено изминативе неколку години. Од мое друштво секој трет се има отселено од државава. Приметувам дека луѓе кои што сум ги познавал – ги снемува, исчезнуваат! Така да.. се помалку простор ќе има за “Скопскиот комплекс” наскоро... Битола главен град! Со две раце потпишувам! .. Си бевме Нови Сад, боемски народ... а сега?

Знам дека не ви поминало интервју без ова прашање, но кое е значењето зад “Да Џака Накот” и “Ронин”?
Ронин: Инаку, кум ми е Џака и на времето тој ми го даде овој надимак – Ронин е инаку јапонски збор и во превод значи Самурај без господар. 47 Ronin со Keanu Reeves ако сте го гледале, ќе сфатите...
Џака: А Џака доаѓа од Карпош 1 (хаха) .. Вака, Џака ме викаа децата како мал прибидејќи татко ми го викаат Џика и им текна од Џика, Џака... "Накот" си го додадов сам, а тоа "Да" е омаж за хардкор рапот од 90-тите каде што неписмените црнци, користејќи оникс, нелитератураната форма - сленг на кој се зборува во гето, “The” го пишуваат “Tha” па од таму Да Џака Накот... А Накот е всушност “Spawn” и е цртан херој, од стрип. Демон. А јас многу сакам демони. Типот беше полу демон, не работи ниту за Господ, ниту за Ѓаволот, има демонски моќи, а сепак е на добрата страна... Помага.

Како изгледа вашето квалитетно потрошено слободно време?
Џака: Го шетам самоједот во маало и си уживам. Впрочем јас цело време го трошам слободното време на неслободни активности. Дури и кога се собираме друштво, да се запиеме знаеме да почнеме да пишуваме текстови или да дискутираме на таа тема, така да... слабо слободно време.
Ронин: И си читаме книги и си гледаме филмови по дома... Последната што ја прочитав сега баш е 1Q84 од Харуки Мураками и топло ја препорачувам.
Кој настап ви останал “врежан во сеќавање” како еден од подобрите?
Ронин: 2010-та година, Бела Ноќ. Градското дерби, имаше 10.000 народ и делуваше ко сите да беа дојдени за нас, барем ете така ни изгледаше...
Со кој популарен музичар би сакале да соработувате (кога би имале шанса)?
Ронин: Јас лично со Rosa бидејќи ми е омилен продуцент и идол уште од мал. Со Frank Sinatra и со вокалот на Sistem of a Down - Serj Tankian. Тие тројца.
Џака: Јас би сакал со J Dilla да правам песна, да ми гостува Ol’ Dirty Bastard на неа и Jimi Hendrix да има соло гитара поткрепена со некоја танцова кореографија на Michael Jackson.
А од Македонија има некој таков?
Џака: Па нееее... Т.е. има.. Маријана од Маријана и Росана, работи во Стружанка, треба да ја побарам. Сериозно, прекрасен вокал. И баба Вања Лазарова се разбира. Ќе ја излажам дека сум и внук (најверојатно нема ни да примети, староста си го прави своето нели) – “Баба Вања, внук ти Влатко овде, ајде да снимаме!”-“Ајде Влатко.. Сооо маки сум се родилаа!”... Хаха, се шегувам, сонцето ми удри во глава.

Што мислите, колкава е улогата на одговорност на еден музичар од ваш калибар како личности чии зборови имаат големо влијание врз младите генрации кои ве слушаат и ви се восхитуваат?
Џака: Не се дрогирајте. Не, шала на страна. Многу јак збор е да кажеш дека си нечив идол. Дај Боже да ги слушнале и да ги разбрале како што треба. Бидејќи има разлика помеѓу механичко паметење на текстови, зборови... и разбирање што всушност тие значат. Некое дете може да ја испее цела "Ода на Радоста" без да знае што всушност значела песната... Така да, доколку сфаќаат што сакам да кажам, нeка се фатат за книга и нека баталат дрога.
Бонус Трака – песнава претставува химна на рапот во Македoнија, ако можам така да се изразам, како настана?
Ронин: Сега ќе ви ја раскажам целата приказна. Во 2004-та, си тргнуваме фер и демократски накај студио да си снимаме песна. Старо студио. Имало поплава, опремата се расипала. И што ќе правиме? Аjде ќе одиме во друго студио кај пријатели. Имаше уште еден лик таму, не го познававме... и тој почна да си рапува со нас и го вметнавме во песната. Последниот дел е негов. Ја снимивме песната, кога по две години се појави еден режисер, Игор - ни вика дека ни ја чул песната и во Грција, помеѓу дијаспората многу била јака. Ние викаме кај ја најде, сме ја заборавиле.. кога тој – ајде да ви правам спот. Ајде! Човекот го направи спотот и се случи тоа што се случи.
Луѓето честопати си формираат мислење за “познатите” гледајќи ги од страна... Кое е “погрешното” мислење кое го има јавноста за вас? Еве прилика да го смените..
Џака: За мене мислат дека сум цар. И во право се. Да.
Ронин: Луѓето Раперите ги поисоветуваат со нешто лошо. Еве на пример од радио дифузија ни ја забранија бонус трака само бидејќи имало пиштоли, “лоши” работи.
Џака: А неколку години порано, Нокаут го убија Тоше во спот! Ама тоа е ок.

Кога не би биле Рапери, што би? Имате ли други скриени таленти?
Џака: Револуционер! Во вистинска смисла. Би бил Che Guevara само не би бил толку шизофрен како него. Мислел дека ќе ги ослободи сите земји во Латинска Америка. Не бе другар, си завршил работа, си се пробил, позиција, доста е. Не му ја дал татко му, дедо му, не! Си се изборил за неа. Остани уживај бе другарче, министер за аграрни, за култура, за не знам што го ставил Кастро, уживај брат, пуши кубански цигари, што е проблем? “Не, ќе одам во Боливија јас на браќата да им помагам!” – и го фатија и го застрелаа.
Сега едно интимно прашање... На која возраст ја изгубивте невиноста?
Ронин: Јас на 16.
Џака: Накај 18 има.. Друго време беше тогаш
Кон што немате никаков респект?
Џака: Немам респект кон правење музика тенденциозно. Да правиш музика што треба да им се допадне на сите. Да им се "бутнеш" под кожа. Не, кој ги врти! Ако ти се допаѓа мојата музика и ако ме “конташ – ме конташ” нема јас тебе филмот да ти го правам. И на крај која е твојата артистичка вредност ако правиш како што ти е наложено? Тренд во моментот?!

Што ве задоволува ментално? Кој ви е менталниот еквивалент за “G-spot”?
Џака: Кога еден збор, една реченица.. ќе ми ја смени целата перцепција на нешто кое сум ја имал до сега. Од нигде никаде. Пуф. Е таква форма на уметност, тоа ми е ментален оргазам. Книга на пример: 1984-та на George Orwell.
Ронин: Стара музика што не е рап. Soul на пример. Al Green, Curtis Mayfield, Barry White и остало.
Кога би можеле седнете на кафе со една славна личност, жива или мртва, која би била таа и што би ја прашале?
Ронин: Frank Siantra дефинитивно, а би го прашал: “Брат, како ти успеа кај толку жени? И каков ти беше животот без еден тестис?”...
Џака: Исус и Тесла. Исус би го замолил некој столарски совет да ми даде. Многу сакам да работам со дрво. И би го прашал “Дали си навистина Божји син, да или не?! Дали постои Ѓаволот? A Тесла би го прашал да ми објасни, ако сака, како да создадам струја од ништо.. Да плеснам со рацете и да создадам струја, како?!!
Кој ви е омилен филм од сите мал милион верзии на Бетмен?
Ронин: Дефинитивно Бетмен 1989-та година на Тим Бартон. Со Џек Николсон.. бидејќи другиот џокер искрено го презирам – Хит Леџер. Го презирам! Болдирај!
Џака: Јас па не знам дали Џек Николсон е подобар од Хит Леџер. Не можеш со мртов човек да се натпреваруваш - прво и основно! Кредитот оди кај мртвиот. Но тие двајца џокери се потполно различни... различна е атмосферата. Едниот е луциден и генијален, а другиот е психопат и несреден.
Кои зборови на инспирација ќе им ги понудите на читателите на Точка?
Ронин: Слушајте добра музика, правете добра музика и прочитајте добри книги и гледајте само добри филмови, по некое време ќе знаете кои се добри и колкава е разликата.
Џака: Имајте свој став. Поткрепен со аргументи и факти. И секогаш држете се до својот став. Бидете свои. А доколку дојдете до двоумење и сомнеж, тоа е нормално ... Никој не останува хардкор до крај во своите размислувања без да се запраша дали се навистина така. Може да остане само ако има ментални пречки. Како фанатиците... На крајот на денот, Question everything.

Благодариме.
Автор и фотографија: Ивана Дракулевска
Интервјуто го водеше: Ана Величковска
Локација: Бистро бар - Барбакан