Во Австралија минатиот четврток се родиле Фејт и Хоуп, кои имаат едно тело, а две лица. Аномалијата била откриена за време на бременоста, но родителите сепак одлучиле да ги задржат.
Минатиот четврток во Австралија се родило многу необично бебе - со две лица. Станува збор за сијамски близнаци родени со многу ретко пореметување, девојчињата делат едно тело, две нозе, две раце, едно срце, но имаат две лица и два мозоци. Иако лекарите им даваат мали шанси за преживување, родителите на близначките веруваат во чудо и веруваат дека нивните деца ќе преживеат.

Рене Јанг и Сајмон Хауи веќе имаат 7 деца. Со ултразвук во 19-тата недела од бременоста било утврдено дека бебињата се од женски пол и дека ќе бидат родени со ретко пореметување наречено дипрозопус. Лекарите ги советувале да ја прекинат бременоста затоа што "околината ќе гледа на бебето со други очи", но тие сепак одлучиле да го задржат.

Парот не ги очекувал ќерките уште шест недели, но сепак Рене со царски рез се породила порано. Бебињата веднаш биле префрлени во Детската болница во Вестмед. Бебињата биле крстени Фејт и Хоуп, или во превод Верба и Надеж.

"Тие дишат самостојно и се хранат, јас дури и' ги капев", вели гордиот татко. "Иако имаат едно тело, тие за нас се нашите близначки. Тоа се наши девојчиња и ги сакаме".

Девојчињата боледуваат од ретко пореметување наречено дипрозопус, што значи дека имаат едно тело и заеднички витални органи, но имаат две лица и два мозоци. Станува збор за многу ретко пореметување, а досега има забележано 35 вакви случаи, само 16 во последните 150 години. За жал во многу ретки случаи бебињата преживеале.

Рене и Симон велат дека лекарите се шокирани од тоа како нивните деца напредуваат и се подготвени за предизвиците кои се пред нив.

"Не знаеме колку долго ќе останат во болница. Единствена желба ни е да ги донесеме дома, весели и здрави" - објаснува Симон. "Малку верба, малку среќа, малку надеж и се додека тие продолжуваат да се борат, се надевам дека се' ќе биде во ред".

Лекарите сега детално ги прегледуваат Фејт и Хоуп, следат како функционираат нивните бели дробови и крвни садови и испробуваат различни начини за хранење за да утврдат кој е најефикасен.

Во април 2008-та година во Индија се родило бебе со две лица. Семејството веднаш одбило специјален медицински третман за нивното новороденче, бидејќи сметало дека тоа не е прифатливо за нивната Хинду божица. Лали, родена во работно семејство во близина на Њу Делхи, има дополнителен пар очи, нос и уста.

Индиските медиуми наведуваат дека таа е во состојба да трепка со сите четири очи, и може да ги користи двете усти подеднакво. Аномалијата на новороденчето му дала добар статус во малото село во близина на Њу Делхи, во кое сега сите одат кај Лали да бараат благослов.