За сексуално да се задоволите, не ви е секогаш потребен партнер. Не мастурбираат само тинејџерите. Мастурбацијата е важен дел од здравиот сексуален живот и таа е добра и за жените. Еве шест причини поради кои треба да мастурбирате.
1. Мастурбацијата го ослободува стресот
Мастурбацијата ви овозможува да се концентрирате на една работа која може да ви помогне да се опуштите.
Кога мислиме на сексот на било кој начин, се ослободува допамин, хемикалија која ја ослободува мозокот и која прави да се чувствувате задоволни.
Во текот на мастурбацијата и сексот се ослободува и ендорфин, кој исто така прави да се чувствуваме убаво. Само немојте секогаш да се потпирате на мастурбацијата кога сакате да се ослободите од стресот, бидејќи можете да станете зависни. Повремено мастурбирање може значително да го направи денот поубав.
2. Ги ублажува грчевите во стомакот за време на менструацијата
Мастурбацијата може да ви ги олесни болките за време на менструација. Силниот оргазам може да ве ослободи од грчеви, а хормоните кои се ослободуваат после секс се исто така од голема помош.
Но запаметете дека ова не важи за сите. Понекогаш контракцијата на мускулите можат да ги зголемат грчевите во стомакот. Обидете се и слушнете што ви препорачува вашето тело.

3. Мастурбацијата ви ја открива сензуалната страна
Сексуалните терапевти им препорачуваат на жените кои никогаш не доживеале оргазам да почнат да мастурбираат. На тој начин ќе дознаат што им е потребно за да бидат задоволени. За време на мастурбацијата, жените ќе дознаат во што точно уживаат и најверојатно ќе бидат послободни во сексот.
4. Може да ви помогне да постигнете оргазам за време на сексот
Ако имате потешкотии во достигнување оргазам за време на секс, обидете да работите на тоа во текот на мастурбацијата. Со редовна мастурбација ќе научите како вашето тело реагира на сексуалните стимулации. Кажете му на партнерот што сте откриле и тој ќе знае што треба да се прави.
5. Ја одржува сексуалната желба
Ако ја запоставите својата сексуалност, ќе ја изгубите желбата. За да функционираме добро во сексот, потребно е во крвта да имаме доволно количина на азот-моноксид. Било кој вид на сексуална активност го одржува нивото на оваа супстанца. Ако подолго време немате секс, ќе ви биде потешко да се навлажните, но немојте да се грижите, се‘ може да се врати во нормала после подолго време на сексуална неактивност.
6. Може да помогне во борбата против несоницата
Ако имате проблем со несоница, пробајте да го решите проблемот на овој начин. Како што многу луѓе слатко заспиваат после сексот бидејќи го смалува крвниот притисок и ја зголемува опуштеноста со ослободување на ендорфинот, и мастурбацијата е добра пилула за спиење.

Мастурбацијата може да спречи и уринарна инфекција, дијабетес и рак
Двајца австралиски научници одлучиле да видат за кои здравствени проблеми е добра мастурбацијата. Еве што тие откриле:
- 94 отсто од мажите и 84 отсто од жените признаваат дека мастурбираат.
- Жените со мастурбација можат да ги спречат уринарните инфекции.
- Мастурбацијата го смалува ризикот од дијабетес тип 2, ја спречува несоницата со ослободување на напнатоста и ја зајакнува карлицата за време на контракциите кои се јавуваат за време на оргазмот.
- Спречува рак на простата. Истражувањето открило дека мажите кои редовно имаат секс, имаат помал ризик да имаат рак на простатата, а мастурбацијата го има истиот ефект.
- Се претпоставува дека мастурбацијата може да помогне и кај депресијата, благодарение на ендорфинот кој се произведува за време на ова задоволство.
-Мастурбацијата е „најдобар метод за постигнување на добар оргазам“, а луѓето кои имаат редовен оргазам се под помал стрес, имаат понизок крвен притисок, поголема самодоверба и поблаги болки.