Се’ за паранојата: Симптоми на параноичното пореметување на карактерот

Точка

07/11/2013

10:23

26.964

Големина на фонт

а а а

Луѓето со пореметување на карактерот пропратено со константна параноја генерално се карактеризирани со тоа што имаат широк шаблон на первазивна неверба и сомнеж кон другите луѓе и појави.

Лице со параноично пореметување на карактерот речиси секогаш верува дека мотивите на другите луѓе се сомнителни, или дури и со намера да му наштетат.

Индивидуите со ова пореметување претпоставуваат дека другите луѓе ќе ги експлоатираат, ќе им наштетат или ќе ги измамат, дури и ако не постои доказ кој може да го поддржи неговиот сомнеж. Иако е релативно нормално да се има одреден степен на параноја кај здравите возрасни личности (како грижи за работното место и страв од непознати лица), луѓето со толкав степен на параноични чувства го донесуваат сомнежот во екстреми – тоа влијае на секоја врска која ја имаат, професионална, приватна или емотивна.


На индивидуите со ова ментално пореметување генерално им е тешко да се согласуваат со другите и често имаат проблеми со блиските односи. Ексесивната сомничавост и непријателското настројување може да биде изразено со бурни расправии, непотребно жалење, или пак преку тивко повлекување во себеси.

Бидејќи се хипер-будни за потенцијални закани, можат да бидат постојано како „чувари“: објективни, рационални и неемотивни. Нивната сомничава природа која секогаш мисли дека ќе се најде во заседа може да предизвика негативна реакција кај другите што потоа ги потврдува нивните првобитни очекувања – дека луѓето сакаат да им наштетат.


Бидејќи индицидуите со параноично пореметување на карактерот имаат недостиг од верба во другите, имаат ексесивна потреба да си бидат доволни самите на себеси и имаат силна смисла за автономија.

Тие исто така имаат висок степен на контрола над оние кои се околу нив. Често се ригидни, критични во однос на другите, и неспособни да соработуваат. Имаат и огромен проблем со прифаќањето на критики, макар и добронамерни.


Симптоми

- Сомнежи, дури и без никаков доказ, дека другите се трудат да им наштетат, ги мамат, или се трудат да ги експоатираат

- Преокупирани се со неосновани дилеми за лојалноста и довербата во пријателите и соработниците

- Не може да се опушти и отвори пред други луѓе бидејќи мисли дека секоја информација која ќе ја даде ќе биде употребена против него


- Чита тајни значења или закани во секој знак или во настаните

- Не им верува ниту на најблиските (пр. секогаш мисли дека брачниот партнер е неверен)

- Ги сфаќа критиките како личен напад кон неговата личност

Како се дијагностицира?

Дијагнозата може да ја донесе професионален доктор по психологија или психијатрија, со споредување на симптомите и животната историја со симптомите кои се наброени.


Причини

Има многу теории за тоа кои се причините за појавата на ова пореметување. Повеќето научници го припишуваат на биопсихолошки модел за напоменување – односно тоа би биле причини од биолошко и генетско потекло, социјални фактори, и психолошки фактори.

Ниту еден конкретен фактор не е особено важен, односно сите фактори се на некој начин важни и придонесуваат. Ако една индивидуа боледува од ова пореметување, постои мала возможност тоа да се пренесе на нејзините деца.


Лечење

Лечењето на пореметувањето обично претставува долготрајна психотерапија со терапевт кој има искуство со овој вид на психолошко пореметување. Исто така можат да се препишат лекови за да се помогне со симптомите.