Шизофренијата е болест која прави човекот да не може да распознава што е реално а што не, да мисли трезвено, да менаџира со емоциите и да функционира нормално.
Но тоа не значи дека нема надеж. Шизофренијата може успешно да се лекува. Првиот чекор е да се идентификуваат знаците и симптомите. Вториот чекор е да се бара помош без одолговлекување и на крај, третиот чекор е да се држите до третманот. Со вистинскиот третман и поддршка, човек кој боледува од шизофренија може да води среќен и исполнет живот.
Што е шизофренија?
Шизофренијата е пореметување на мозокот кое влијае на начинот на кој личноста се однесува, мисли и гледа на светот. Луѓето со шизофренија имаат сосема поинаква слика за реалноста и често губење на контакт со истата. Тие можат да слушаат или гледаат работи кои не постојат, да зборуваат на чуден и збунувачки начин, да веруваат дека другите сакаат да им наштетат или да се чувствуваат дека се постојано надгледувани.

Со таквата тенка линија помеѓу реалниот и нереалниот свет, шизофренијата прави заболените навистина тешко да се справуваат со секојдневниот живот. Како одговор, луѓето со шизофренија можат да се повлечат од надворешниот свет и да живеат во својот имагинарен.
Повеќето случаи на шизофренија се појавуваат во доцните тинејџерски години или раните возрасни години. Но исто така, шизофренијата може да се појави и на средината од животот и дури и подоцна. Во ретки случаи, шизофренијата може да се појави и кај малолетниците, иако симптомите кај нив се малку поинакви. Воглавно, што поскоро се појавува шизофренијата, толку е полоша. Исто така, шизофренијата има полоши ефекти кај мажите отколку кај жените.

Иако оваа болест е хронична, има помош која е достапна за неа. Со нега, лекарства и терапија, повеќето луѓе со шизофренија можат да функционираат независно и да живеат задоволувачки живот. Но, резултатите се најдобри кога оваа болест е дијагностицирана и третирана што поскоро. Доколку ги забележите знаците и симптомите на шизофренија и барате помош без одолговлекување, вие и вашите сакани би можеле да ги искористите сите достапни третмани за да се подобрат шансите на закрепнување.

Рани знаци на шизофренија
Кај некои луѓе, шизофренијата се појавува одненадеш и без предупредување. Но кај повеќето, таа се појавува бавно со суптилни предупредувачки знаци. Многу пријатели и луѓе од семејството блиски до човек кој боледува од шизофренија, изјавиле дека уште на почетокот се појавувале знаци дека нешто не е во ред со нивниот сакан, но дека не знаеле што е тоа.
Во оваа рана фаза, луѓето со шизофренија често изгледаат ексентрично, немотивирано, бесчуствително и реклузивно. Тие се изолираат себеси, започнуваат да го занемаруваат нивното присуство, зборуваат чудни работи и покажуваат индиферентност кон животот. Тие исто така можат да го напуштат своето хоби или секојдневни активности или пак нивната професионална работа или студирањето да оди во надолна линија.

Додека овие предупредувачки знаци можат да бидат причини и за многу други проблеми – не само за шизофренија, сепак тие претставуваат причина за загриженост. Кога надвор од нормалното однесување предизвикува проблеми во вашиот живот или во животот на вашиот сакан, тогаш барајте медицинска помош. Ако шизофренијата или друг ментален проблем е причината, тогаш третманот би можел да помогне.
Знаци и симптоми на шизофренија
Има пет видови на симптоми: заблуда, халуцинации, неорганизирано говорење, неорганизирано однесување и така наречениот „негативен“ симптом. Но, знаците на шизофренија можат драматично да се разликуваат од човек на човек, и во шемата и во сериозноста. Не секој човек со шизофренија ги има истите симптоми, а исто така овие симптоми можат да се менуваат од време на време.
Заблуда
Заблудата е цврсто одржана идеја дека личноста има јасни и очигледни докази дека нешто не е вистина. Заблудата е многу честа кај шизофренијата, појавувајќи се кај 90 отсто од луѓето заболени од оваа болест. Често, заблудата инволвира нелогични и бизарни идеи или фантазии. Заблудите можат да бидат за прогон, референца, возвишеност и контрола.

Халуцинации
Халуцинациите се звуци или други сензации искусени како вистински кога тие само постојат само во главата на заболениот. Додека халуцинациите можат да инволвираат било кои од петте сетила, звучните халуцинации се најзастепни кај шизофренијата. Визуелните халуцинации се исто така релативно чести. Истражувачите сугерираат дека звучните халуцинации се појавуваат кога луѓето погрешно го разбираат зборувањето сам со себе со тоа што мислат дека им зборува некој од надвор.
Неорганизиран говор
Фрагментирано размислување е карактеристика на шизофренијата. Надворешно може да биде надгледувано на начинот на кој човекот зборува. Луѓето со шизофренија имаат тенденција да имаат проблеми со концентрацијата и со задржување на своите мисли. Тие можат да одговараат на прашања со неповрзани одговори, да започнат реченици со една тема а да ги завршат со сосема друга, да зборуваат инкохерентно и да говорат за нелогични работи.

Чести знаци за неорганизиран говор се лабави асоцијации кога брзо скокаат од една тема во друга без никаква поврзаност помеѓу нив, неологизми кога измислуваат нивни зборови кои имаат значење само на пациентот, кога повторуваат зборови или фрази повторно и повторно и кога безначајно користат зборови со рима.
Неогранизирано однесување
Шизофренијата ги нарушува активностите кои имаат цел за пациентот предизвикувајќи нарушување на способноста да се грижат заболените самите за себе, за работата или во интеракцијата со другите луѓе. Неорганизираното однесување се појавува како одбивање на целовкупното дневно функционирање, непредидувачки или несоодветни емоционални одговори, однесување кое е бизарно или нема цел и недостаток на инхибиција и импулсна контрола.
Негативни симптоми
Така наречените „негативни“ симптоми на шизофренија се однесуваат на недостатокот на нормално однесување кое е присутно кај ментално здравите лица. Честите симптоми се недостаток на емоционално изразување, недостаток на интерес или ентузијазам, недостаток на интерес за светот и тешкотии при говорење.
Причини за шизофренија
Причините за оваа болест не се целосно познати. Но, се испоставува дека шизофренијата најчесто резултира од комплексната интеракција помеѓу генетичните и срединските фактори.
Генетски причини за шизофренија:
Генетиката има влијание врз шизофренијата но таа не е детерминирана од неа. Додека шизофренијата може се појавува во една фамилија, 60 отсто од заболените немаат други заболени од шизофренија во фамилијата. Исто така, индивидуалците кои се генетски предиспозицирани да имаат шизофренија, не секогаш ја развиваат болеста што покажува дека биологијата не е судбина.
Средински фактори за шизофренија:
Се’ повеќе истражувања покажуваат дека големите нивоа на стрес се верува дека ја предизвикуваат шизофренијата, вклучувајќи и пренатална изложеност на вирусна инфекција, ниски нивоа на кислород за време на раѓањето, изложеност на вируси за време на детството, рана загуба на родителите или нивно разведување и физичко или сексуално малтретирање во детството.
Надеж за оние кои боледуваат од шизофренија
Опциите за третман на оваа болест се добри, а резултатите за ова пореметување постојано се подобруваат. Со лекови, терапија и добра поддршка на најблиските, многу луѓе кои се заболени од шизофренија можат да ги контролираат своите симптоми, да се здобијат со поголема независност и да водат исполнет живот.
Доколку мислите дека некој ваш близок има шизофренија, можете да ја направите разликата со тоа што ќе му покажете љубов и поддршка и ќе и помогнете на таа личност да добие соодветна медицинска помош.